MotoGP

MotoGP: Роси победи во Аргентина, Маркез без бодови

МотоГП шампионатот повторно е во фокусот на светските медиуми, причина е уште една фантастична трка, овојпат тоа е третата рунда која се возеше за Големата Награда на Аргентина.

Следете нè на:

 

rossi markez argentinaПоследниот круг во Аргентина беше несреќен за Маркез кој остана без бодови, а му ја донесе и победата на Роси

МотоГП шампионатот повторно е во фокусот на светските медиуми, причина е уште една фантастична трка, овојпат тоа е третата рунда која се возеше за Големата Награда на Аргентина.

По возбудливите квалификации во кои фановите на Сузуки најмногу се израдуваа на втората позиција на Алеш Еспергаро, стартот на трката воопшто не навести дека ќе бидеме сведоци на фантастична трка помеѓу Валентино Роси и Марк Маркез.

Маркез веднаш по стартот изби на чело на колоната и започна со агресивно возење кое му донесе предност пред Кал Крачлоу кој возеше на втората позиција, пред Довициозо. Во меѓувреме Валентино Роси кој стартуваше од осмата позиција успеа да го помине Хорхе Лоренцо, а потоа и останатите 5 возачи кои беа пред него, притоа топејќи ја разликата на Маркез. Причината за ова беше изборот на гуми, Роси се одлучи за екстра тврдата компонента додека Маркез се обиде со тврда компонента која на крајот се покажа како погрешен избор. 

До крајот на трката фокусот беше само на ловот на Маркез од страна на Роси, за во последниот круг тој да го помине шпанецот по што возачот на Хонда Репсол тимот удри во задната гума на Роси и ја заврши трката без освоени бодови.

 
 

valentino rosiРоси со дресот на Марадона на примањето на пехарот во Аргентина

За крај треба да се издвои и прославата на Роси на победничкиот подиум, бидејќи Италијанецот е голем фан на Марадона и во негова чест беше облечен во фудбалскиот дрес на Марадона.

Во генералниот пламан по три трки води Валентино Роси (Јамаха) со 66 бода, шест повеќе од Андреа Довициозо (Дукати). На третото место е Андреа Ианон од Дукати со 40 бода, четврти е тимскиот колега на Роси од Јамаха Хорхе Лоренцо со 37, додека актуелниот шампион Марк Маркез падна на петтото место со само 36 поени.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 41'35.644
2 20 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +5.685
3 16 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +8.298
4 13 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +8.352
5 11 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +10.192
6 10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +19.876
7 9 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +24.333
8 8 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +27.670
9 7 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +34.397
10 6 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +34.808
11 5 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati +40.206
12 4 43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda +42.654
13 3 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +42.729
14 2 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +42.853
15 1 6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward +43.037
16   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +43.252
17   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +43.400
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +43.808
19   19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +44.878
20   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +56.236
21   17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda +1'03.371
22   15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART +1'08.444
Без пласман
    7 Hiroshi AOYAMA JPN Repsol Honda Team Honda 1 круг
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 2 круга
    68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati 19 круга
comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!