МотоГП тимот на Јамаха објави со задоволство дека го продолжува договорот со Валентино Роси за следните две сезони, со што Докторот останува да вози во Movistar Yamaha МотоГП тимот до 2016 година.

46rossigpassen ds- s5d4484 original

МотоГП тимот на Јамаха објави со задоволство дека го продолжува договорот со Валентино Роси за следните две сезони, со што Докторот останува да вози во Movistar Yamaha МотоГП тимот до 2016 година.

По четири освоени втори места и вкупно пет подиуми од осум трки тимот се реши да ја продолжи соработката со ветеранот за уште две сезони. Во моментот Роси е на втората позиција во генералниот пласман, зад неприкосновениот Марк Маркез, но на делба на бодовите со третопласираниот Дани Педроса.

За Роси ова е успешна сезона до сега ако се имаат во предвид неговите планови оваа година да го држи темпото со водечките. Маркез забележа осум победи на осум трки и за сега нема реална конкуренција, па Роси може да биде задоволен од постигнатото. 

Среќни сме што постигнавме договор со Роси, неговото враќање во тимот минатата сезона имаше огромен учинок кај целиот тим, по две сезони минати надвор од дома, беше одлично да се види повторно со својата Yamaha YZR-M1. Се радуваме на нашата соработка во следните две години и се надеваме дека Валентино Роси ќе остане со нашиот тим до крајот на својата тркачка кариера па и потоа.- изјави Лин Џарвис
Среќен сум што можам да потврдам дека го продолжив договорот со Јамаха за следните две години. Горд сум на постигнатиот договор. За мене е навистина важно што ќе ја продолжам соработката со тимот и со сите инволвирани во него. Одлично е бидејќи тоа беше мојата цел, сакав да продолжам да возам, се чувствувам одлично и мотивиран сум да го давам максимумот на секоја трка. Среќен сум што ќе продолжам да ја возам мојата YZR‐M1 која е моја голема љубов, оваа сезона и уште две години потоа. Огромно благодарам за сите инволвирани, јас ќе продолжам да го давам максимумот, да возам напред и да имам добри трки. Уживајте!- Валентино Роси
Back To Top