21
Вто, Фев
MotoGP

MotoGP: Роси низ песокот до победа во Асен

Валентино Роси прикажа фантастична трка на патеката Асен, тој стартуваше од пол позиција и имаше водство се до самиот крај кога Марк Маркез безуспешно се обиде да му ја одземе победата.

Следете нè на:

 

rossi marquz assen 2015Пресудниот момент за исходот на трката

Валентино Роси прикажа фантастична трка напатеката Асен, тој стартуваше од пол позиција и имаше водство се до самиот крај кога Марк Маркез безуспешно се обиде да му ја одземе победата.

Фантастичниот викенд за тимот на Јамаха значеше 111-та победа во кариерата за Валентино Роси и трета позиција за Хорхе Лоренцо, притоа актуелниот Светски шампион Марк Макрез ги раздвои двајцата возачи на Јамаха освојувајќи ја втората позиција.

Стартот на трката го одбележа Валентино Роси кој стартуваше од пол позицијата, па така во првиот круг тој веќе успеа да направи разлика од половина секунда пред Марк Маркез. Сепак Хорхе Лоренцо беше во фокусот на самиот старт откако успеа да дојде до третата позиција по стартот од осмото место. 

До четвртиот круг Маркез веќе се доближи до задното тркало на Роси, Лоренцо се трудеше да ги следи но за кусо време се откажа од одејата да ризикува подиум и се одлучи да вози паметно и да дојде до сигурни бодови. Водечките двајца кои возеа со различни предни гуми, Роси со меки, Маркез со средни, воопшто не размислуваа да го намалат темпото.

Наспроти ова следевме возење еден зад друг во кое прашање на време беше кога Маркез ќе го нападне Роси. Тоа се случи на седум круга до крајот, Маркез успеа да го помине Роси и кога многумина помислија дека трката е завршена, Роси покажа дека не случајно е водечки во шампионатот. Следуваа круг по круг во кој паѓаа рекордите на стазата, на Роси му требаа четири кругови за да го поврати водството, а во прет-последниот круг Роси иако постави убедливо најдобро време и направи мала разлика, Маркез не се предаде.

Тоа не доведе до последниот круг во кој Роси требаше да го одбрани водството но Маркез воопшто не мислеше така, пред самиот крај на трката тој влезе од внатрешната страна во линијата на движење на Роси по што дојде до контакт помеѓу нив двајцата, Роси се одби и успеа (неверојатно) да го додржи моторот поминувајќи низ песокот на последниот свиок на Асен и да излезе пред Маркез на целната рамнина.

Следевме навистина одлична трка во која освен борбата за првата позиција имаше вистинско шоу и за четвртото место. Лоренцо го обезбеди местото на подиумот и воопшто не беше во фокусот, но затоа имавме прилика да следиме беспоштедна борба за четвртата позиција помеѓу Јанон, Пол Еспергаро, Кал Крачлоу, Бредли Смит, Алеш Еспергаро и Дани Педроса.

Денешни резултати:

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 40'54.037
2 20 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +1.242
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +14.576
4 13 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +19.109
5 11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +24.268
6 10 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +24.373
7 9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +24.442
8 8 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +24.656
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +26.725
10 6 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +27.238
11 5 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +29.038
12 4 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +29.418
13 3 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +46.663
14 2 68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +49.305
15 1 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +52.396
16   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +56.005
17   19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +59.857
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'14.513
19   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1 круг
Без пласман
    15 Alex DE ANGELIS RSM E-Motion IodaRacing Team ART 3 круга
    50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda 11 круга
    6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward 21 круг
Не го завршија првиот круг
    8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati 0 круга
    43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 0 круга
comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!