MotoGP

MotoGP: Роси го предводи првиот ден од вториот тест на Сепанг

Валентино Роси со својата Јамаха забележа најбрзо време на првиот ден од второто пред сезонско тестирање на патеката Сепанг во Малезија.

Следете нè на:

 

YFR 150223091614734 6Валентино Роси со најдобар резултат на првиот ден од вториот тест на Сепанг

Валентино Роси со својата Јамаха забележа најбрзо време на првиот ден од второто пред сезонско тестирање на патеката Сепанг во Малезија.

Денешниот прв ден од тестот го одбележа променливото време, па така иако изутрина возачите можеа да возат по сончевиот Сепанг, попладнето беше исполнето со дожд и грмотевици. Повеќето од возачите работеа на индивидуалните сетапи, подесувања на мапите и суспензијата. 

Најбрз беше Валентино Роси на Јамаха, следен од Дани Педроса кој заостана само 0.129s зад времето на Докторот. Трет резултат забележа Пол Еспергаро, а четврти беше Алеш Еспергаро на Сузуки. Хорхе Лоренцо работеше на различни сетапи што на крајот од денот му донесе само петто време, додека пак Марк Маркез имаше проблеми со дисковите за кочење што резултираше со шесто време за шампионот.

Од новите учесници во МотоГП Сузуки на денешниот ден имаше одлични резултати, четврто време за Алеш Еспергаро и деветто за Маверик Вињалес. Априлија сеуште се мачи да забележи резултат во првите 10, откако денеска Алваро Баутиста имаше 12-ти резултат, а Марко Меландри беше последен.

Резултати од денешниот тест:

Поз.ВозачБрЗемјаТимВреме
1 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP 2'00.414
2 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team 2'00.543
3 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 2'00.876
4 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki MotoGP 2'01.055
5 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP 2'01.162
6 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team 2'01.190
7 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda 2'01.222
8 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 2'01.241
9 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki MotoGP 2'01.317
10 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team 2'01.355
11 REDDING Scott 45 GBR Marc VDS Racing Team 2'01.592
12 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Factory Aprilia Gresini 2'01.740
13 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing 2'01.926
14 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar 2'02.262
15 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team 2'02.142
16 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing 2'02.225
17 ABRAHAM Karel 17 CZE Cardion AB Motoracing 2'02.394
18 BRADL Stefan 6 GER NGM Forward Racing 2'02.410
19 HERNANDEZ Yonny 68 COL Pramac Racing 2'02.606
20 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar 2'02.730
21 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing 2'02.941
22 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda 2'03.006
23 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team 2'03.105
24 BAZ Loris 76 FRA NGM Forward Racing 2'03.316
25 NAKASUGA Katsuyuki T1 JPN Yamaha Test Team 2'03.337
26 DE ANGELIS Alex 15 RSM NGM Forward Racing 2'03.966
27 MELANDRI Marco 33 ITA Factory Aprilia Gresini 2'04.000
comments

Би можело да ве интересира

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!