Валентино Роси доминираше на MotoGP трката која се оддржа во Херез, Шпанија. Возачот на Movistar Yamaha беше лидер на трката од самиот почеток па се до крајот.

„Докторот“ имаше извонредна трка и ја оствари својата прва победа во 2016 година. Во текот на целата трка, тој само еден краток период не беше на првото место.

Самата трка, за разлика од Остин и Аргентина, не беше исполнета со возбудувања. Роси постојано беше во предност во однос на своите ривали, а неговото просечно време на еден извозен круг изнесуваше 1 минута и 40 секунди. На крајот, тој имаше 2.3 секунди предност пред Лоренцо, а Марк Маркез заостануваше дололнителни 5 секунди.

Во поголем дел од трката, Роси беше следен од Маркез, но во 15-от круг Шпанецот направи грешка и на крајот мораше да се задоволи со третото место и со освоени 16 поени.

rossi pobeda herez

Неговиот тимски колега Дани Педроса беше на четвртото место во текот на целата трка, освен еден краток период на почетокот кога беше на третото место. На крајот, Педроса заостануваше повеќе од десет секунди во однос на Роси, кој сега има 113 MotoGP победи.

Алеш Еспаргаро заврши на петото место со предност од 2 секунди во однос на тимскиот колега Маверик Вињалес.

Андреа Јанон беше најдобриот возач на Ducati на оваа трка. Тој заврши на седмото место. Неговиот тимски колега Андреа Довициозо повторно доживеа несреќа откако неговото предно тркало закочи во десетиот круг. До тој момент, Довициозо се наоѓаше на седмото место.

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Пол Еспаргаро го освои осмото место и се најде пред Ирецот Јуџин Лаверти кој го освои деветото место. Хектор Барбера од Avintia Ducati беше десетти.

Единаесетото место го освои возачот на LCR Honda, Кал Кратчлоу, а зад него се најдоа Бредли Смит од Monster Tech 3 Yamaha, Лорис Баз од Avintia Ducati и Штефан Брадл од Aprilia. Тимскиот колега на Брадл, Алваро Баутиста, излета од петеката во седмиот круг.

Возачот на Aspar Ducati, Јони Фернандез, го освои петнаесетото место и се најде пред тест возачот на Ducati, Микеле Пиро кој е замена за повредениот Данило Петручи.

Џек Милер беше седумнаесети пред тимскиот колега Тито Рабат. Скот Рединг трката ја заврши на разочарувачкото деветнаесетто место.

Back To Top