30
Нед, Апр
MotoGP

MotoGP: Резултати од Каталуња

Доминација на шпанските возачи пред домашната публика

Следете нè на:

 

gp-katalynjaШпанските возачи доминираа на домашната патека: Лоренцо, Педроса и Маркез 

Доминација на шпанските возачи пред домашната публика

Одличен настап на Хорхе Лоренцо кој ја постигна својата трета победа во 2013 година. Веднаш зад него беа возачите на Хонда, Дани Педроса и Марк Маркез. Лоренцо имаше одличен старт и после само неколку метри беше изедначен со Дани Педроса кој стартуваше од првиот ред. После првиот свиок Лоренцо го превзеде водството и остана таму до крајот на трката. На моменти се чинеше дека двете Хонди ќе можат да одржат чекор со лидерот, но на неколку круга до крајот стана јасно дека нема да можат да го престигнат возачот од Мајорка.

Кал Кратчлоу, кој стартуваше од втората позиција и Валентино Роси силно се бореа за да го задржат чекорот со водечкото трио. На крајот, задачата се покажа како премногу тешка за Кратчлоу кој излета на 20 круга пред крајот на трката. Роси заврши на четвртото место-разликата од речиси шест секунди со тимскиот колега Лоренцо треба да биде причина за загриженост кај деветкратниот светски шампион кој сеуште ја очекува првата победа.

Кратчлоу не беше единствениот возач кој излета од патеката. Баутиста и Лаверти не успеаа да комплетираат ниту еден круг, а во текот на трката паднаа и де Пуние, Ианоне, Хејдн и Барбера. Тоа остави простор за останатите возачи. Британецот Бредли Смит заврши на шестото место, негов најдобар резултат оваа сезона. Неговото достигнување е уште поголемо со оглед на фактот дека речиси го уништи прстот на трката во Муџело минатата недела.

Поз.БодовиБр.ВозачТимМоторКм/чВреме
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 164.4 43'06.479
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 164.3 +1.763
3 16 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 164.3 +1.826
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 164.1 +5.874
5 11 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 162.7 +26.756
6 10 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 162.4 +32.228
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 162.4 +32.692
8 8 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 160.8 +58.615
9 7 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 160.5 +1'03.142
10 6 51 Michele PIRRO Ignite Pramac Racing Ducati 160.1 +1'09.774
11 5 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 159.2 +1'24.377
12 4 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 158.7 +1'33.679
13 3 68 Yonny HERNANDEZ Paul Bird Motorsport ART 158.0 +1'45.355
14 2 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 157.7 +1'50.745
15 1 77 Javier DEL AMOR Avintia Blusens FTR 151.8 1 Круг
16   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 151.6 1 Круг
Без пласман
    8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 160.5 10 Круга
    17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing ART 158.1 15 Круга
    35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 164.1 20 Круга
    69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 162.8 20 Круга
    29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 162.0 21 Круга
    14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 153.0 24 Круга
Не го завршија првиот круг
    19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda   0 Круга
    70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport PBM   0 Круга
comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!