thumb_Qatar-trka-32Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација..

qatar2

Светската мотоциклистичка организација го објави ревидираниот календар на трки во МотоГП шампионатот за 2012 година. Почетната трка останува во Катар, но пoместена е за една недела во однос на првичната информација. Следната година сезоната ќе започне на 8-ми април со ноќната трка на патеката Лосаил за ГН на Катар.

Официјална потврда пристигна и за трката на патеката Херез која беше неизвесна. Во новата верзија на календарот за Германското Гранд При запишана е патеката Заксенринг, а ист е случајот и со патеката Есторил во Португалија и покрај тоа што овие две трки ќе треба дополнително да бидат потврдени. По се изгледа во 2012 нема да има промени за споменатите трки, но извесно е дека во 2013 на нивно место ќе се возат трките во Аргентина и Тексас.

Календар на MotoGP трки за 2012

Датум
Голема Награда
Патека
8. Април Катар Катар Лосаил
29. Април Шпанија Шпанија Херез
6. Мај Португалија Португалија Есторил
20. Мај Франција Франција Ле Ман
3. Јуни Каталонија Каталонија Каталонија
17. Јуни Велика Британија Британија Силверстон
30. Јуни Холандија Холандија Асен
8. Јули Германија Германија Заксенринг
15. Јули Италија Италија Муџело
29. Јули САД САД Лагуна Сека
19. Август САД Индијанаполис Индијанаполис
26. Август Чешка Чешка Брно
16. Септ. Сан Марино Сан Марино Мисано
30. Септ. Арагон Арагон Арагон
14. Октом. Јапонија Јапонија Мотеги
21. Октом. Малезија Малезија Сепанг
28. Октом. Австралија Австралија Филип Ајленд
11. Ноем. Валенсија Валенсија Валенсија
Back To Top