MotoGP

MotoGP: Распоред за следење на МотоГП Муџело

Шестата МотоГП трка во шампионатот се вози на легендарната патека Муџело во Италија.

Следете нè на:

 

Муџело за прв пат беше домаќин на МотоГП трка во 1976 година, а прекрасната патека во Тоскана распоредена низ долината го привчече вниманието на авто-мото фановите ширум Светот. Патеката беше купена од страна на Ферари во 1988 година и притоа беше реновирана според нивните високи стандарди, прекрасни придружни објекти и максимална безбедност. Патеката е во МотоГП календарот без престан од 1991 година.

IMGP7130

Патеката има должина од 5,2км, а составена е од 15 свиоци од кои 9 се десни, а 6 леви. Има ширина од 14 метри, а најдолгиот правец изнесува 1141м на кој е забележана брзина од 354,9км/ч. Рекордот на патеката изнесува 1'47.639, а е во сопственост на Марк Маркез.

Валентино Роси има забележано најмногу победи - 7, зад него е Лоренцо со 5 и Довициозо со 4. Минатата година победи Андреа Довициозо пред Маверик Вињалес и Данило Петручи.

IMGP8638 copy

Возбудувањата во Муџело ќе се одржат според следниот распоред:

Петок 01.06.2018 | SportKlub 1
09:00 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – Тренинг 1
09:55 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Тренинг 1
10:55 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – Тренинг 1
13:10 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – Тренинг 2
14:05 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Тренинг 2
15:05 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – Тренинг 2

Сабота 02.06.2018 | SportKlub 1
09:00 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – Тренинг 3
09:55 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Тренинг 3
10:55 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – Тренинг 3
12:35 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – Квалификации
13:30 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Тренинг 4
14:10 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Квалификации
15:05 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – Квалификации

Недела 03.06.2018 | SportKlub 1
08:40 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – WARM UP
09:10 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – WARM UP
09:40 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – WARM UP
11:00 MOTO GP MUGELLO: MOTO 3 – Трка
12:20 MOTO GP MUGELLO: MOTO 2 – Трка
14:00 MOTO GP MUGELLO: MOTO GP – Трка

Би можело да ве интересира

„Лошо поврзаните гумени црева би можеле да се стопат, да истече горивото и да предизвика пожар“

Менувањето на вашиот автомобил за некое вакво превозно средство ќе го намали загадувањето, а исто така и метежот во сообраќајот.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!