Домашната публика на патеката Мизано полуде откако нивниот миленик Валентино Роси ја забележа првата победа во сезоната, во трка во Лоренцо и Педроса се искачија на подиумот, а Марк Маркез освои само еден бод за 15-та позиција по падот кој го доживеа.

Домашната публика на патеката Мизано полуде откако нивниот миленик Валентино Роси ја забележа првата победа во сезоната, во трка во Лоренцо и Педроса се искачија на подиумот, а Марк Маркез освои само еден бод за 15-та позиција по падот кој го доживеа.

46rossi yfr editorial use pictures2 original

Деветкратниот Светски шампион и возач на Мовистар Јамаха тимот Валентино Роси го презеде водството на трката во почетните неколку кругови, откако на самиот старт го помина Хорхе Лоренцо кој трката ја започна од пол позицијата. По почетното водство Роси зад себе ги имаше Маркез и Лоренцо, а со возачот на Хонда Репсол тимот неколкупати се променија на водечката позиција.

Борбата траеше до 10-от круг кога Маркез ја испушти Хондата во свиокот Рио, со помош на редарите успеа да ја запали својата RC213V, но тоа беше доволно само за 15-та позиција во Мизано која му донесе еден бод.

2014-rsm-motogp-race-marquez-postcrash2 original

Роси продолжи со одличното возење и до крајот не му дозволи на Лоренцо да му се доближи, со тоа ја забележа својата 107-ма победа во неверојатната кариера или вкупно 5000 поени во Гранд При трките.

Лоренцо возеше смирено до крајот, беше решен повторно да се искачи на подиумот и успеа во тоа, остварувајќи четири последователни резултати. Третата позиција му припадна на Педроса кој иако имаше лош старт по кој се најде на 7-та позиција, до крајот успеа да се избори за третото место што го остави сеуште во предност пред Роси во генералниот пласман.

Педроса единствената закана за подиумот ја имаше од Андреа Довициозо, кој повторно возеше одлична трка, а заостана само 5,5 секудни зад Роси на финишот. Дукати забележа солиден резултат имајќи го во предвид и петтото место на Андреа Ианон кој на вчерашните квалификации имаше второ време.

Следната трка се вози за две недели, на 28-ми септември на патеката Арагон во Шпанија.

Back To Top