MotoGP

MotoGP: Прва победа на Лоренцо во Ducati

Хорхе Лоренцо ја направи борбата за титулата во MotoGP шампионатот многу поинтересна откако ја постигна првата победа за Ducati на Италијанската Гран При трка.

Следете нè на:

 

Пет-кратниот шампион, водството го презеде уште на самиот старт и успеа да го сочува до самиот крај на трката во Муџело. На крајот тој заврши со предност од шест секунди пред тимскиот колега Андреа Довициозо.

jl

Веднаш по трката Лоренцо изјави: „Многу сум среќен. Вчера изјавив дека ќе ми биде остварување на сонот доколку успеам тука да победат со мотоциклот на Ducati, а денеска тој сон ми се оствари. Ова е една од најзначајните победи во мојата кариера, веројатно еднаква со победата во класата од 125cc во 2003 година и со онаа во MotoGP во 2008 година. Навистина сум среќен поради тимот бидејќи стигнавме до победата на домашната патека на Ducati.“

„Утрово ми стана јасно дека можеме да дојдеме до победа, и иако бев малку загрижен поради перформансите на пневматиците, одлучив веднаш да притиснам бидејќи таков е мојот стил. За среќа се помина перфектно. Не можам да побарам ништо повеќе од ова и сега останува само да го прославиме успехот кој го постигнавме.“

731143 copy

А иако Довициозо можеби е среќен со второто место после несреќата која ја имаше на патеката во Ле Ман, такво нешто не може да се каже за актуелниот шампион Марк Маркез кој излета надвор од патеката во борбата за место на подиумот.

Валентино Роси конечно успеа да се искачи на подиумот откако стигна до третото место по долгата борба со Андреа Ианоне, Алекс Ринс и Кал Кратчлоу. Данило Петручи, Маверик Вињалес и Алваро Баутиста ги заокружија првите десет места.

Во генералниот пласман по 6 извозени трки ситуацијата е следна:

Поз.ВозачМоторЗемјаПоени
1 Marc MARQUEZ Honda SPA 95
2 Valentino ROSSI Yamaha ITA 72
3 Maverick VIÑALES Yamaha SPA 67
4 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 66
5 Johann ZARCO Yamaha FRA 64
6 Danilo PETRUCCI Ducati ITA 63
7 Andrea IANNONE Suzuki ITA 60
8 Cal CRUTCHLOW Honda GBR 56
9 Jack MILLER Ducati AUS 49
10 Jorge LORENZO Ducati SPA 41
11 Alex RINS Suzuki SPA 33
12 Dani PEDROSA Honda SPA 29
13 Tito RABAT Ducati SPA 27
14 Pol ESPARGARO KTM SPA 23
15 Alvaro BAUTISTA Ducati SPA 19
16 Hafizh SYAHRIN Yamaha MAL 17
17 Franco MORBIDELLI Honda ITA 17
18 Aleix ESPARGARO Aprilia SPA 13
19 Takaaki NAKAGAMI Honda JPN 10
20 Bradley SMITH KTM GBR 7
21 Mika KALLIO KTM FIN 6
22 Scott REDDING Aprilia GBR 5
23 Karel ABRAHAM Ducati CZE 1
24 Thomas LUTHI Honda SWI  
25 Xavier SIMEON Ducati BEL

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!