28
Вто, Фев
MotoGP

MotoGP прв тренинг: Лоренцо побрз од Маркез за 0.088

Хорхе Лоренцо забележа најбрзо време на првиот тренинг на патеката Филип Ајленд пред трката за ГН на Австралија која се вози во недела изутрина во 7 часот по наше време.

Следете нè на:

 

99-lorenzo originalЛоренцо не се откажува од титулата, најдобро време на првиот тренинг

Хорхе Лоренцо забележа најбрзо време на првиот тренинг на патеката Филип Ајленд пред трката за ГН на Австралија која се вози во недела изутрина во 7 часот по наше време.

Одличното време на патеката овозможи да следиме прилично блиски резултати, па така второпласираниот Маркез финишираше со заостанување од само 88 десетинки.

Алваро Баутиста возеше фантастично на првиот тренинг и забележа трето време, резултат кој беше подобар од оној на Дани Педроса кој беше само четврти. Валентино Роси на петтата позиција имаше само 50 десетинки заостанување зад Педроса, но сеуште е рано да се шпекулира околу исходот од трката, во секој случај сигурни сме дека не очекува возбудлив МотоГП викенд.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 337.9 1'29.167  
2 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 335.2 1'29.255 0.088 / 0.088
3 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 337.9 1'29.831 0.664 / 0.576
4 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 326.5 1'30.008 0.841 / 0.177
5 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 342.8 1'30.053 0.886 / 0.045
6 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 334.4 1'30.130 0.963 / 0.077
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 328.6 1'30.361 1.194 / 0.231
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 334.7 1'30.666 1.499 / 0.305
9 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 329.8 1'31.280 2.113 / 0.614
10 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 337.9 1'31.295 2.128 / 0.015
11 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 336.7 1'31.295 2.128
12 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 324.1 1'31.458 2.291 / 0.163
13 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 328.5 1'31.557 2.390 / 0.099
14 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 312.6 1'31.637 2.470 / 0.080
15 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 322.0 1'31.766 2.599 / 0.129
16 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 325.3 1'31.803 2.636 / 0.037
17 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 329.9 1'32.300 3.133 / 0.497
18 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati 332.9 1'32.341 3.174 / 0.041
19 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 324.3 1'32.741 3.574 / 0.400
20 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 338.2 1'33.165 3.998 / 0.424
21 23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 324.8 1'33.234 4.067 / 0.069
22 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 314.7 1'33.797 4.630 / 0.563
23 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART 316.3 1'33.875 4.708 / 0.078
  50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 316.7 1'35.906 6.739 / 2.031

Овој викенд Кејси Стонер ќе биде специјален гостин на патеката и притоа ќе биде прогласен за легенда на МотоГП.

До крајот на МотоГП шампионатот се возат уште три трки, оваа на Филип Ајленд која се вози во недела, потоа следната недела се вози трката во Јапонија на Мотеги, и на крајот е трката во Шпанија, на Валенсија, која се вози на 10-ти ноември.

Во генералниот пласман води Маркез со 298 бодови, 43 повеќе од Лоренцо на втората позиција и 54 повеќе од трето пласираниот Дани Педроса. Валентино Роси во генералниот пласман е на четвртата позиција со заостанување од 100 поени зад Маркез.

Вториот тренинг на програмата е во 6 часот изутрина, третиот тренинг започнува во сабота по полноќ во 01.55, додека пак четвртиот тренинг започнува утрината во 05.30. Квалификациите во сабота започнуваат во 06.35, а трката во недела започнува во 7 часот по наше време.

Пренос од сите настани ќе има на Спорт Клуб каналот, а стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.

Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!