30
Нед, Апр
MotoGP

МотоГП: Провизорен календар за трките во 2013

motori loris-calendarПрвиот провизорен календар за трките од МотоГП шампионатот утрово беше објавен од страна на Лорис Капироси, еден ден пред тој официјално да биде објавен од ФИМ.

Следете нè на:

 

loris-calendarПрвиот провизорен календар за трките од МотоГП шампионатот утрово беше објавен од страна на Лорис Капироси, еден ден пред тој официјално да биде објавен од ФИМ. Утре на прес конференцијата се очекува надлежните само да го потврдат календарот кој денеска се појави на ѕидот на Лорис Капироси. Во него работите се горе-доле слични на годинешниот календар, со неколку промени во стартните трки, и прашања кои остануваат да се решат. Шампионатот би започнал на 31ви Март со ноќната трка во Катар, а бидејќи Есторил повеќе нема да се вози, трките се селат на Американско копно. Двете следни трки, онаа во Аргентина и онаа во Тексас треба да бидат потврдени. Проблемот со трката во Аргентина е од политички причини, тамошните власти имаат проблем со Шпанската влада заради присилната национализација на фабриката Репсол, па оттука неизвесно е дали ќе се одржи трката. Втората трка која чека одобрување е онаа во Тексас, таму се води правна борба околу сопственоста на патеката помеѓу легендарниот Кевин Шванц и градителот на патеката, но веројатно е дека во секој случај ќе следиме трка на „Circuit of the Americas“. 

Во продолжение и провизорниот календар за 2013та:

Датум Гранд При Патека
31 Март Катар* Losail, Qatar
14 Април ДСП ДСП (Argentina)
21 Април ДСП ДСП (Austin, Texas)
5 Мај Шпанија (ЗОД) Jerez
19 Мај Франција Le Mans
2 Јуни Италија Mugello
16 Јуни Каталуња Barcelona
29 Јуни Холандија** Assen
14 Јули Германија Sachsenring
21 Јули САД*** Laguna Seca
18 Август Индианаполис Indianapolis
25 Август Чешка Република Brno
01 Септември Велика Британија Silverstone
15 Септември Сан Марино Misano Marco Simoncelli
29 Септември Арагон Motorland Aragon
13 Октомври Малезија Sepang
20 Октомври Австралија Phillip Island
27 Октомври Јапонија Motegi
10 Ноември Валенсија Ricardo Tormo Valencia

* Вечерна трка
** Трка во Сабота
*** Само МотоГП класа
ДСП - Да се потврди
ЗОД - Зависност од договорот

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!