Денеска беше продадена и последната карта за решавачката трка во МотоГП шампионатот која следниот викенд ќе се вози на патеката Валенсија во Шпанија.

trazado 2015

Денеска беше продадена и последната карта за решавачката трка во МотоГП шампионатот која следниот викенд ќе се вози на патеката Валенсија во Шпанија.

150000 фанови ќе имаат привилегија во живо да го проследат нај возбудливиот мото настан за 2015 година. Патеката Рикардо Тормо е изградена во 1999 година, трките од МотоГП шампионатот се возат на дел со должина од 4км. Патеката е составена од 14 свиоци од кои 9 се леви и 5 десни, а нај големиот правец е со должина од 876 метри.

По случувањата во Сепанг интересот за картите драстично се зголеми, па така денеска беше продадена и последната карта. Следењето на трката ги чини гледачите од 45 до 155 евра за „обичните“ трибини, додека ВИП картите чинеа од 450 до 600 евра.

Back To Top