Ѕвездите на МотоГП шампионатот веќе се во Азија, патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на 15-та рунда од вкупни 18 по кои треба да биде познат новиот МотоГП шампион.

press 15 jpn realitz

Ѕвездите на МотоГП шампионатот веќе се во Азија, патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на 15-та рунда од вкупни 18 по кои треба да биде познат новиот МотоГП шампион.

Патеката Мотеги е сместена во областа Канто, се состои од овален (дел изграден со цел да се доближи американската мото култура до Јапонија) и стандарден дел со вкупна должина од 4,8км. Патеката е изградена од Хонда во 1997 година, а станува дел од МотоГП шампионатот во 2000 година.

Патеката е составена од 14 свиоци, 6 леви и 8 десни и правец со должина од 762 метри. Во склоп на патеката може да се погледне и музејот на Хонда, а во целиот комплекс функционира и школо за мотори, како и патека за крос, картинг, хотел, ресторант и придружни објекти во кои се вработени повеќе од 300 лица.

Пренос од сите настани ќе има на Спорт Клуб каналите според следниот распоред:

Петок на СпортКлуб 3

02:00 Тренинг 1 Moto 3 во живо
02:55 Тренинг 1 Moto GP во живо
03:55 Тренинг 1 Moto 2 во живо
06:00 Тренинг 2 Moto 3 во живо
07:05 Тренинг 2 Moto GP во живо
08:05 Тренинг 2 Moto 2 во живо

Сабота на СпортКлуб 3

02:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
02:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
03:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
06:30 Тренинг 4 Moto GP во живо
07:10 Квалификации Moto GP во живо
08:05 Квалификации Moto 2 во живо

Недела во живо на СпортКлуб 3

01:40 Warm up Moto 3 во живо
02:10 Warm up Moto 2 во живо
02:40 Warm up Moto GP во живо

Недела во живо на СпортКлуб 1

04:00 Трка Moto 3 во живо
05:20 Трка Moto 2 во живо
07:00 Трка Moto GP во живо

За оние кои ги немаат СпортКлуб каналите во својата ТВ понуда стриминг ќе биде достапен на: www.sportcategory.com/c-10.html

До крајот на шампионатот по трката во Јапонија преостануваат само уште три трки: Филип Ајленд во Австралија, Сепанг во Малезија и Валенсија во Шпанија.

Back To Top