Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Актуелниот шампион се најде на патеката заедно со тимскиот колега Дани Педроса, а овој дводневен тест требаше да помогне во одлуката во однос на спецификациите кои ќе ги има моторот за 2017 година.

marc marquez jerez test

„Денеска имавме продуктивен ден бидејќи успеавме да извозиме многу кругови, а исто така работевме и на мотоциклот. Завршивме поголем дел од работите кои ги планиравме, што е навистина добро. Попладнето паднав и го повредив рамото но за среќа не е ништо сериозно. Сега ќе се одморам малку и ќе бидам подготвен за следниот тест кој ќе се оддржи во Катар.“

Првично, тестот требаше да трае два дена, но поради дождот тимот одлучи да тестира само еден ден. Но и покрај ограниченото време, Педроса смета дека се здобиле со вредни информации.

„Денеска успеавме целосно да го искористиме времето кое го имавме на располагање и покрај тоа што условите на патеката во текот на утрото не беа идеални. Работевме напорно и задоволни сме од она што го постигнавме. Сега мораме да останеме фокусирани и да продолжиме да работиме на ист начин и на тестот во Катар кој ќе се оддржи за две недели.“

Нивното следно излегување на патеката ќе биде за време на последниот претсезонски тест кој ќе се оддржи на 10-ти март во Катар.

Back To Top