MotoGP

MotoGP: Последна шанса за титулата

Сега е вистинското време за напад, но во моментов ниту еден од тимовите не може да се справи со конзистентноста на Repsol Honda.

Следете нè на:

 

Актуелниот MotoGP шампион, Марк Маркез ќе замине во Бурирам на новата патека, Чанг, со предност од речиси 72 поени. До крајот на сезоната остануваат уште неколку трки и возачите, кои ги предводи Андреа Довициозо, немаат уште многу шанси да дојдат до првото место. Сега е вистинското време за напад, но во моментов ниту еден од тимовите не може да се справи со конзистентноста на Repsol Honda.

motogp misano motori

MotorLand Арагон е многу поразлична патека во сопредба со Red Bull Ring и Брно, но сепак протагонистите остануваат исти, барем во однос на брзината. Иако Хорхе Лоренцо излета уште во првиот круг, до крајот на трката повторно Ducati и Honda се бореа за победа. На крајот, до првото место стигна Маркез но дали ќе остане така и на патеката во Тајланд останува да видиме.

Досегашните тестови ни покажуваат дека Honda ќе биде силна. Но и покрај тоа, Кал Кратчлоу постигна најдобар резултат за време на првиот ден од тестовите во Бурирам. Марк Маркез беше најбрз на вториот ден од тестирањето, а добар настап имаше и Дани Педроса. Возачите на Ducati, Довициозо и Лоренцо беа малку подолу на табелата.

Покрај Honda и Ducati, и тимот Suzuki Ecstar се надева дека ќе успее да го повтори успехот од Арагон и ќе им се доближи на најдобрите тимови. Андреа Ианоне успеа да се искачи на подиумот, а добра трка имаше и неговиот тимски колега Алекс Ринс. Ринс исто така имаше и добар настап на тестот во Бурирам

А што се случува со Yamaha? MotorLand беше тежок викенд за нив, а тимот кој доаѓа од Ивата продолжува со лошиот настап во сезоната 2018. За време на тестот во Бурирам тие не постигнаа некој добар резултат. Но и покрај тоа, Валентино Роси останува на третото место на табелата и не заостанува премногу во однос на Довициозо.

Маверик Вињалес се наоѓа на петото место но има ист број на бодови со Лоренцо. Последните неколку трки ќе бидат навистина интересни за сите возачи. 

За време на тестовите, Јохан Зарко беше најбрзиот возач на Yamaha. Французинот не успеа да го задржи стилот и темпото кое го имаш на почетокот на сезоната но сепак ќе даде се од себе да постигне што е можно подобар резултат со оглед на тоа дека е многу блиску да стане најдобар независен возач. Во моментов, Кратчлоу има 119 поени а веднаш до него е Данило Петручи. Зарко пак има 112 поени. Но сето тоа би можело да се промени во само една трка.

Такааки Накагами ги предводеше дебитантите за време на тестот во Бурирам и сигурно ќе сака да постигне добар резултата на трката. Тука е и Хафиз Сиахрин кој сигурно ќе сака  да ја надополни разликата во однос на Франко Морбидели во трката за дебитант на годината.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.