29
Саб, Апр
MotoGP

МотоГП: Пол позиција за Стонер во Германија

motori PA1182390 copyДенешните квалификации на патеката Захсенринг пред трката за ГН на Германија му донесоа пол позиција на Кејси Стонер.

Следете нè на:

 

PA1182390

Денешните квалификации на патеката Захсенринг пред трката за ГН на Германија му донесоа пол позиција на Кејси Стонер.

Квалификациите се оддржаа на мокра патека, а дождод не престана за време на целата сесија. Почетните пет минути поминаа во знакот на Дани Педроза кој забележа време од 1'40.267, а неговиот клубски колега Кејси Стонер беше првиот кој ја симна границата под времето од 1.40. Возачите на Репсол Хонда се менуваа на провизорната пол позиција во следните кругови, а само Валентино Роси успеа на кратко да ги раздвои, возејќи за втората позиција со време од 1'37.530.

Потоа времињата започнаа да се намалуваат, а Кејси Стонер повторно беше на челната позиција. Во тие моменти Пиро доживеа пад во кој не остана ништо од неговиот мотор, но за среќа тој помина без повреди. Во истиот 12-ти свиок веднаш потоа и Хектор Барбера доживеа пад, повторно без последици за возачот.

Дождод продолжи со уште поголем интензитет, а Хорхе Лоренцо успеа значително да го подобри своето време и со 1'35.218 се најде на третата позиција. Во тие мигови Хондата на Стонер се соочуваше со технички проблеми па актуелниот Светски шампион беше приморан да запре крај патеката. Домашната патека беше дополнителна инспирација за Брадл кој оствари време од 1'34.716 и се најде на првата позиција во тој момент, а за Петручи дождод очигледно претставуваше проблем бидејќи се најде надвор од патеката. До крајот на квалификациите надвор од патеката завршија и Матија Пасини

Втората половина од квалификациите започнаа со значително посмален интензитет на дожд но патеката беше сеуште мокра и на одредени делови поплавена со вода. Следевме неколку промени на провизорната пол позиција на која се најдоа Брадл, Лоренцо и Хејден, но вистинските возбудувања тукушто започнаа.

Во последните 8 минути видовме 11 промени на провизорната пол позиција, па можете да претпоставите какви трилер квалификации се случуваа на Захсенринг. На 8 минути до крајот најпрво Лоренцо ја имаше предноста, веднаш потоа на првото место дојде Ники Хејден, а во следната минута Брадл имаше најдобро време. Хејден го возврати ударот но само на кратко бидејќи Бен Спиз имаше подобар резултат од него. На 4 минути до крајот повторно Брадл постави најдобро време, а во истата минута Кал Крачлоу забележа време од 1'33.325.

Оние кои имаа сеуште нокти за грицкање го проследија времето на Бен Спиз повторно на првата позиција, а Брадл не остана покус па во следната минута само на кратко направи промена. Следуваше втора позиција за Крачлоу и повторно прва за Бен Спиз. На крајот Стонер забележа време од 1'31.796 и стави крај на највозбудливата квалификациска сесија во сезоната.

Поз.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 1 Casey STONER Repsol Honda Team 271.2 1'31.796
2 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 276.6 1'31.989
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 271.0 1'32.081
4 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 273.8 1'32.288
5 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 276.4 1'32.381
6 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 269.7 1'32.510
7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 272.7 1'32.795
8 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 272.8 1'33.205
9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 273.1 1'33.217
10 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 263.5 1'33.900
11 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 260.7 1'34.088
12 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 263.5 1'34.542
13 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 252.8 1'34.649
14 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 259.6 1'34.651
15 54 Mattia PASINI Speed Master 256.6 1'34.938
16 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 250.1 1'35.590
17 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 257.8 1'35.595
18 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 259.1 1'35.962
19 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 256.4 1'36.183
20 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 253.7 1'36.355
21 2 Franco BATTAINI Cardion AB Motoracing 254.1 1'36.438

Трката утре започнува во 13.00 часот! Пренос нема да има на СпортКлуб каналот, останува само он-лајн стримингот како начин за следење на трката.

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!