25
Вто, Апр
MotoGP

МотоГП: Пол позиција за Стонер на Каталуња

motori stoner-pol-pozicija-katalunjaАктуелниот Светски шампион, Кејси Стонер, дојде до пол позиција на денешните квалификации на патеката Каталуња. На утрешната трка во првиот ред на стартот друштво ќе му прават Хорхе Лоренцо и Кал Крачлоу.

Следете нè на:

 

stoner-pol-pozicija-katalunja

Актуелниот Светски шампион, Кејси Стонер, дојде до пол позиција на денешните квалификации на патеката Каталуња. На утрешната трка во првиот ред на стартот друштво ќе му прават Хорхе Лоренцо и Кал Крачлоу.

Возбудливите квалификации беа навестени од трите слободни тренинзи на кои најпрво Кејси Стонер забележа најдобро време, потоа следуваше Хорхе Лоренцо за на последниот тренинг Дани Педроза да зебележи најдобар резултат. Како и на тренинзите, денешните квалификации минаа во знакот на стратегијата за компонентите на гумите со кои возеа натпреварувачите.

Квалификациите поминаа без посериозни инциденти, а светла точка на сесијата секако дека беше третата позиција за Кал Крачлоу. Возачот на Јамаха Теч3 уште повеќе ги разгорува шпекулациите дека следната година тој ќе се најде во фабричкиот тим на Јамаха на местото на Бен Спиз, кој рака на срце денеска се избори за старт од вториот ред.

Денешните квалификации беа уште еден неуспех на Валентино Роси, кој и покрај најавите за промена на шасијата на моторот не успеа да стори ништо во врска со лошите резултати кои го следат во Дукати и утрешната трка ќе ја започне од 9-та позиција.

Поз.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 1 Casey STONER Repsol Honda Team 334.0 1'41.295
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 332.9 1'41.441
3 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 334.6 1'41.548
4 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 332.2 1'41.552
5 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 334.4 1'41.656
6 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 336.0 1'41.687
7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 332.8 1'42.029
8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 335.1 1'42.065
9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 338.2 1'42.175
10 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 332.8 1'42.356
11 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 333.4 1'42.375
12 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 335.3 1'43.266
13 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 320.1 1'43.500
14 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 316.1 1'44.024
15 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 316.3 1'44.041
16 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 313.2 1'44.356
17 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 314.5 1'44.763
18 54 Mattia PASINI Speed Master 312.7 1'44.764
19 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 312.0 1'44.833
20 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 297.8 1'45.730
21 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 311.9 1'45.962

Не заборавајте, трката во недела започнува во 14.00, а може да се следи на обичниот SportKlub канал!

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!