28
Пет, Апр
MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Маркез во Сепанг

Иако на првите три тренинзи најдобро време постави Дани Педроса, на квалификациите вториот возач на Хонда, младиот и супер талентиран Марк Маркез забележа најбрзо време и се избори за четвртата последователна пол позиција во сезоната.

 

Следете нè на:

 

 

markez-pol-sepangМаркез продолжува да граби кон титулата во својата прва МотоГП сезона

Четврта последователна пол позиција за Маркез

Иако на првите три тренинзи најдобро време постави Дани Педроса, на квалификациите вториот возач на Хонда, младиот и супер талентиран Марк Маркез забележа најбрзо време и се избори за четвртата последователна пол позиција во сезоната.

Возбудливите квалификации донесоа одлични резултати и за возачите на Јамаха кои го посакуваа дождот. Сепак Валентино Роси и Кал Крачлоу ќе стартуваат од првиот ред, додека пак претендентот за титулата, Хорхе Лоренцо мораше да се задоволи со четвртата позиција на квалификациите. Од вториот ред ќе стартуваат и Дани Педроса од петтата позиција како и одличниот Алваро Баутиста од шестата позиција.

За утрешната трка која започнува во 10 часот по наше време се очекува дека ќе врне дожд, па имајќи ги во предвид условите на патеката ќе кажеме дека се е во игра. Во генералниот пласман Маркез има 39 бодови повеќе од второпласираниот Лоренцо, а Педроса веќе е надвор од трката за титулата бидејќи заостанува за 59 бода зад Маркез на 3 трки до крајот.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 327.5 2'00.011  
2 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 323.2 2'00.336 0.325 / 0.325
3 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 320.9 2'00.359 0.348 / 0.023
4 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 322.2 2'00.578 0.567 / 0.219
5 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 324.2 2'00.692 0.681 / 0.114
6 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 323.7 2'00.974 0.963 / 0.282
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 319.2 2'01.306 1.295 / 0.332
8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 318.9 2'01.635 1.624 / 0.329
9 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 273.1 2'02.151 2.140 / 0.516
10 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 317.6 2'02.536 2.525 / 0.385
11 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 319.3 2'02.900 2.889 / 0.364
  6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda      

 

Во недела трката започнува во 10 часот по наше време. Пренос од сите настани има на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!