Возачот на Репсол Хонда тимот возеше за половина секунда побрзо од останатите на патеката Ле Ман и дојде до пол позицијата за утрешната трка за големата награда на Франција.

93 marquez gp 5875 0.big

Возачот на Репсол Хонда тимот возеше за половина секунда побрзо од останатите на патеката Ле Ман и дојде до пол позицијата за утрешната трка за големата награда на Франција.

Летечкиот круг со време од 1:32.246 го стави Маркез на првата стартна позиција на Ле Ман, 0,503 секунди подобро време од Довициозо кој ќе стартува од втората позиција, а Лоренцо го комплетираше првиот ред. Од вториот ред ќе стартува Кал Крачлоу на кого му избега стартот од првиот ред за само 0.051 секунди. До него на стартната рамнина ќе биде Андреа Ианон и Бредли Смит со кого се комплетира вториот ред.

Валентино Роси на денешните квалификации возеше доволно добро за старт од третиот ред, пред повратникот Дани Педроса кој се опорави од операцијата заради која пропушти три трки од шампионатот. Данило Петручи и Алеш Есперегаро се квалификуваа на 9-та и 10-та позиција, а Џони Хернандез и Пол Еспергаро ги комплетираат првите четири стартни редови.

Возбудувањата во Франција продолжуваат утре во 09.40 со варм ап сесијата, а трката на Ле Ман започнува во 14 часот со пренос во живо на Спорт Клуб 3 каналот.

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 313.1 1'32.246  
2 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 312.6 1'32.749 0.503 / 0.503
3 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 310.1 1'32.846 0.600 / 0.097
4 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 310.0 1'32.897 0.651 / 0.051
5 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 316.0 1'33.001 0.755 / 0.104
6 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 309.3 1'33.299 1.053 / 0.298
7 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 307.1 1'33.352 1.106 / 0.053
8 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 313.0 1'33.419 1.173 / 0.067
9 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati 309.8 1'33.556 1.310 / 0.137
10 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 298.5 1'33.665 1.419 / 0.109
11 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati 307.6 1'33.714 1.468 / 0.049
12 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 309.7 1'33.724 1.478 / 0.010
Back To Top