MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Маркез на Филип Ајленд

Марк Маркез дојде до осмата пол позиција во 2015 година, но она што е поважно од аспект на титулата, Лоренцо ќе стартува трет, а Роси седми.

Следете нè на:

 

93 marquez gp 6815 0.big30-та пол позиција за Маркез во кариерата

Марк Маркез дојде до осмата пол позиција во 2015 година, но она што е поважно од аспект на титулата, Лоренцо ќе стартува трет, а Роси седми.

Маркез возеше фантастично на квалификациите, покажа дека ги надмина проблемите со болката во раката по операцијата и сосема заслужено дојде до 30-та пол позиција во кариерата. 

Од втората позиција ќе стартува Андреа Јанон на Дукати кој иако звучи неверојатно имаше потполно исто време со Лоренцо. Јанон ја искористи екстра меката гума на квалификациите и возеше време кое беше за 0.316 делови од секундата побавно од она на Маркез.

Лоренцо ќе стартува од третата позиција само заради правилата кои важат во МотоГП. Тој ги заври квалификациите на втората позиција со заостанување од 0.316 зад Маркез, но Јанон кој сеуште беше на патеката успеа да го забележи потполно истото време и затоа што квалификациите ги заврши по Лоренцо, утре ќе стартува од втората позиција.

Лидерот во шампионатот Валентино Роси ги прекина успешните квалификации и возеше за време кое е доволно да стартува од седмата позиција. Роси е прв во третиот стартен ред но ќе има тешка задача да ги помине Педроса, Крачлоу и Вињалес кои ќе стартуваат од вториот ред.

Во продолжение следуваат резултатите од квалифкациите:

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 337.8 1'28.364  
2 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 346.5 1'28.680 0.316 / 0.316
3 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 333.1 1'28.680 0.316
4 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 332.3 1'28.712 0.348 / 0.032
5 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda 340.0 1'28.912 0.548 / 0.200
6 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 328.3 1'28.932 0.568 / 0.020
7 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 334.5 1'29.014 0.650 / 0.082
8 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 330.7 1'29.015 0.651 / 0.001
9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 339.5 1'29.222 0.858 / 0.207
10 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 347.1 1'29.267 0.903 / 0.045
11 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda 337.6 1'29.499 1.135 / 0.232
12 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 336.7 1'29.626 1.262 / 0.127

 

Sport Klub 3 - Недела

01:40 Warm up Moto 3 Во живо
02:10 Warm up Moto 2 Во живо
02:40 Warm up Moto GP Во живо

Sport Klub 1 - Недела

04:00 Трка Moto 3 Во живо
05:20 Трка Moto 2 Во живо
07:00 Трка Moto GP Во живо

За оние кои ги немаат Спорт Клуб каналите во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Yamaha и Tech3 објавија дека 2018 ќе биде последна година за нив како партнери во MotoGP Светскиот Шампионат

Луѓето од „Jennings“ повторно имаат нешто интересно за нас. Овој пат се мото компании кои произведуваат автомобили.

Италијанецот призна дека не очекува да биде компетитивен на првата трка која ќе се оддржи на патеката во Катар следниот месец. Во текот на минатата сезона, тој постојано имаше проблем со забрзувањето.

Неколку зборови зошто аеродинамиката е важна и зошто тимовите посветуваат толку внимание на неа.

Поради проблеми со менувачот, компанијата одлучи да повлече 4000 примероци од главниот супербајк модел.

Мото индустријата понекогаш може да биде навистина конфузна. Секој ден читаме дека продажбата се намалува но речиси секоја втора недела пишуваме дека некои од големите производители постигнал успех во продажбата на мотоцикли во 2017 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!