MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Лоренцо на Филип Ајленд

Возачот на Јамаха тимот и актуелен Светски шампион, Хорхе Лоренцо, дојде до пол позиција која за него е прва по онаа на патеката Херез во мај.

 

Следете нè на:

 

 

46rossi93marquez99lorenzo s5d1810 originalОд првиот ред во Австралија ќе стартуваат Хорхе Лоренцо, Марк Маркез и Валентино Роси

Возачот на Јамаха тимот и актуелен Светски шампион, Хорхе Лоренцо, дојде до пол позиција која за него е прва по онаа на патеката Херез во мај.

Хорхе Лоренцо во драматичен финиш дојде до пол позицијат пред Марк Маркез и Валентино Роси.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 337.9 1'27.899  
2 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 342.5 1'28.120 0.221 / 0.221
3 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 340.1 1'28.647 0.748 / 0.527
4 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 341.4 1'28.713 0.814 / 0.066
5 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 337.9 1'28.748 0.849 / 0.035
6 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 336.8 1'28.809 0.910 / 0.061
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 334.5 1'28.941 1.042 / 0.132
8 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 335.0 1'29.295 1.396 / 0.354
9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 339.5 1'29.660 1.761 / 0.365
10 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 342.2 1'29.756 1.857 / 0.096
11 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 329.9 1'30.264 2.365 / 0.508
12 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 327.2 1'30.735 2.836 / 0.471

Филип Ајленд се покажа како патека на која видовме многу инциденти во подготвителниот период, а на страна од тоа ќе видиме и нов формат на натпреварување!

Имено заради новиот асвалт на патеката, тракцијата е одлична но трошењето на гумите е драматично зголемено. Заради тоа надлежните излегоа со соопштение во кое трката во недела ќе се вози со пит стоп. Бриџстоун не дава гаранција дека сликовите ќе држат повеќе од 14 круга, па затоа трката која ќе трае 26 круга ќе биде уникатна и не видена до сега. Секој возач е обврзан во текот на трката да влезе во боксот и да продолжи со друг мотор на кој ќе бидат наместени нови сликови. На возачите не им е дозволено да возат повеќе од 14 кругови со еден мотор, па така доколку првата промена се направи пред 12-от круг, возачот ќе треба втор пат да влезе во боксот. Направена е промена и во дозволената брзина за влез и излез од пит стопот како и влезот назад на патеката кои треба да им ги олеснат новините со кои за прв пат ќе се сретнат возачите.

Трката започнува во 7 часот изутрина по наше време, пренос ќе има на Спорт Клуб каналот, а стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Energica е избрана да биде единствен снабдувач во новата електрична, MotoGP класа, а планирано е да дебитираат на патеките во сезоната 2019.

Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.

Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

Како што се очекуваше, TVS Apache RR 310 дебитираше во Индија со што заврши одложувањето кое траеше речиси една година.

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!