23
Нед, Јул
MotoGP

МотоГП: Пол позиција за Хорхе Лоренцо во Катар

thumb_lorenzo-losailНа првите квалификации во 2012 Хорхе Лоренцо дојде до пол позиција и тој ќе ја започне МотоГП сезоната од првата позиција на утрешната трка за ГН на Катар на патеката Лосаил.

Следете нè на:

 

lorenzo-quali

На првите квалификации во 2012 Хорхе Лоренцо дојде до пол позиција и тој ќе ја започне МотоГП сезоната од првата позиција на утрешната трка за ГН на Катар на патеката Лосаил.

Возбудувањата на уникатниот Гранд При на Катар започа во четвртокот, кога се возеше првиот тренинг на Лосаил во кој нај успешен беше Кејси Стонер. Вториот тренинг кој се возеше во петокот повторно му припадна на актуелниот Светски Шампион, но на последниот трет тренинг во петокот Хорхе Лоренцо успеа да му ги помати сметките на Австралијанецот поставувајќи најдобро време.

stoner-quali

Со трката за ГН на Катар започнува нова ера во МотоГП, од оваа година мотоциклите кои се возат се со зафатнина од 1000цц, но дополнителни возбудувања се очекува да внесат т.н. „CRT (Claiming Rule Teams)“ тимовите кои носат продукциски мотор на прототипна шасија.

Денешните квалификации ги одбележа Кејси Стонер кој постави време од 1.55.415 веќе во петтата минута од сесијата, а во текот на квалификациите забележителни беа времињата и на Хорхе Лоренцо, Штефан Брадл и Андреа Довициозо. Во текот на целиот викенд очите беа вперени кон деветкратниот шампион Валентино Роси, но се чини дека Докторот сеуште нема одговор за Дукати. Моралот на италијанскиот тим го подигна Ники Хејден со третото време на првиот тренинг, но потоа забележа две седми места и тоа беше се од Американецот.

rossi-quali

На половина од квалификациите заради инцидент во свиокот бр.5 во кој беше вклучен Данило Петручи повеќето од мотоциклите беа повлечени во пит стопот, а претходно излетување од патеката имаше и Иван Силва, за среќа без последици. До крајот на квалификациите крај патеката завршија и Ренди Де Пуние, Матиа Пасини, Џејмс Елисон, Бен Спиз...

На 14 минути до крајот на сесијата првиот кој излезе на патеката со квалификациски гуми беше возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо. Веднаш потоа откако беше направена промената на гумите кај сите возачи, Кејси Стонер го подобри своето време но само до 10 минути пред крајот кога Лоренцо го спушти времето под бариерата од 1.55.

1.54.993 беше времето кое Лоренцо го забележа, а беше актуелно се до 3 минути пред крајот на квалификациите. Во меѓувреме Кал Крачлоу беше на втората позиција но откако Кејси Стонер го подобри времето на Лоренцо, Британецот беше третопласиран. До крајот следевме возбудливи кругови во кои Лоренцо го подобри времето на 1.54.634 што на крајот се покажа како најдобро време и заслужено дојде до првата пол позиција во сезоната.

Резултати од квалификациите:

Поз.Бр.ВозачЗем.ТимМоторКм/чВреме
1 99 Jorge LORENZO SPA Yamaha Factory Racing Yamaha 327.1 1'54.634
2 1 Casey STONER AUS Repsol Honda Team Honda 331.9 1'54.855
3 35 Cal CRUTCHLOW GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 328.0 1'55.022
4 11 Ben SPIES USA Yamaha Factory Racing Yamaha 326.1 1'55.512
5 69 Nicky HAYDEN USA Ducati Team Ducati 334.2 1'55.637
6 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 328.9 1'55.858
7 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 330.8 1'55.905
8 8 Hector BARBERA SPA Pramac Racing Team Ducati 337.1 1'55.983
9 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 334.0 1'56.063
10 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Ducati 333.5 1'56.198
11 19 Alvaro BAUTISTA SPA San Carlo Honda Gresini Honda 334.3 1'56.521
12 46 Valentino ROSSI ITA Ducati Team Ducati 338.1 1'56.813
13 5 Colin EDWARDS USA NGM Mobile Forward Racing Suter 314.8 1'57.644
14 14 Randy DE PUNIET FRA Power Electronics Aspar ART 309.6 1'58.266
15 41 Aleix ESPARGARO SPA Power Electronics Aspar ART 312.1 1'58.520
16 68 Yonny HERNANDEZ COL Avintia Blusens BQR-FTR 303.6 1'58.795
17 51 Michele PIRRO ITA San Carlo Honda Gresini FTR 311.1 1'59.085
18 54 Mattia PASINI ITA Speed Master ART 311.5 1'59.195
19 9 Danilo PETRUCCI ITA Came IodaRacing Project Ioda 296.8 1'59.664
20 22 Ivan SILVA SPA Avintia Blusens BQR-FTR 306.1 2'00.493
21 77 James ELLISON GBR Paul Bird Motorsport ART 309.9 2'00.757

Првата трка во сезоната започнува во недела, во 21.00 по наше време. 

Пренос од трките има на каналот SportKlub Prime, или на интернет на http://www.sportlemon.tv/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!