25
Саб, Фев
MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Довициозо во Мотеги

На утрешната МотоГП трка на патеката Мотеги која се вози за „Мотул Гранд При на Јапонија“ од првата позиција ќе стартува возачот на Дукати, Андреа Довициозо, второ време забележа Валентино Роси со заостанување од само 0.055 од времето на Довициозо. Третото место во првиот ред му припадна на Дани Педроса.

Следете нè на:

 

Довициозо се избори за првата пол позиција на ДукатиДовициозо се избори за првата пол позиција на Дукати

На утрешната МотоГП трка на патеката Мотеги која се вози за „Мотул Гранд При на Јапонија“ од првата позиција ќе стартува возачот на Дукати, Андреа Довициозо, второ време забележа Валентино Роси со заостанување од само 0.055 од времето на Довициозо. Третото место во првиот ред му припадна на Дани Педроса.

Квалификациите за Мотул Гранд При на Јапонија трката беа навистина возбудливи, борба до последната секунда во која Довициозо успеа да дојде до првата пол позиција за тимот на Дукати и да постави нов рекорд на патеката Мотеги со време од 1’44.502. Валентино Роси на Јамаха ќе стартува од втората позиција, додека пак возачот на Хонда Дани Педроса иако имаше пад на крајот од сесијата успеа да забележи трето време.

Вториот ред ќе го започне Марк Маркез, следен од Хорхе Лоренцо и Андреа Ианон, додека пак од третиот ред ќе стартуваат Пол Еспергаро, Кал Крачлоу и Штефан Брадл.

Марк Маркез веќе утре ќе има прилика да ја освои втората последователна МотоГП титула, тој во генералниот пласман има 75 бодови предност пред Дани Педроса, а до крајот на шампионатот има уште 4 трки (вклучувајќи ја утрешната). Сепак за Маркез да ја освои титулата потребно е тој да победи на утрешната трка, или да се оствари едно од следите сценарија:

  • Маркез да победи
  • Маркез да заврши втор или трет, но да биде пред Педроса и Роси
  • Маркез четврти, пред Педроса, а Роси најмногу да биде трет
  • Маркез петти, пред Педроса, а Роси најмногу да биде четврт
  • Маркез шести, пред Педроса, а Роси најмногу да биде четврт
  • Маркез седми, пред Педроса, а Роси најмногу да биде петти и притоа Лоренцо да не победи на трката

Во овие калкулации има и неколку неверојатни сценарија, но Маркез може да ја освои титулата утре дури и да не освои ниеден поен, но за тоа да се случи ќе треба и Педроса да не освои поен, Роси да биде подолу од 13-та позиција, а Лоренцо да не се искачи на подиумот.

Не заборавајте, трката започнува во 07.00 часот наутро по наше време, пренос ќе има на СпортКлуб 3 каналот, или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Резултати од денешните квалификации:

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоториКм/чВремеРазлика
1 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 308.3 1'44.502  
2 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 305.4 1'44.557 0.055 / 0.055
3 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 307.6 1'44.755 0.253 / 0.198
4 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 306.9 1'44.775 0.273 / 0.020
5 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 303.7 1'44.784 0.282 / 0.009
6 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 304.3 1'44.854 0.352 / 0.070
7 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 302.6 1'44.867 0.365 / 0.013
8 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 304.3 1'44.898 0.396 / 0.031
9 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 306.3 1'45.005 0.503 / 0.107
10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 303.4 1'45.044 0.542 / 0.039
11 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 297.4 1'45.315 0.813 / 0.271
12 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 304.9 1'45.677 1.175 / 0.362

comments

Би можело да ве интересира

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!