MotoGP

MotoGP: Пол позиција за Алеш Еспергаро

8-та рунда во МотоГП шампионатот донесе изненадување на денешните квалификации, откако најдобар резултат постави Алеш Еспергаро со својата сателитска Јамаха.

Следете нè на:

 

espergaro-polПол позиција за Еспергаро во Холандија!

8-та рунда во МотоГП шампионатот донесе изненадување на денешните квалификации, откако најдобар резултат постави Алеш Еспергаро со својата сателитска Јамаха.

Благодарение на дождот денешните квалификации пред трката за ГН на Холандија која утре се вози на патеката Асен ќе останат запаметени. Времето од 1’38.789 кое го постави Еспергаро и кое му ја донесе пол позицијата всушност беше побавно за цели пет секунди од резултатот на четвртиот тренинг.

Ситуацијата на квалификациите најдобро ја искористи Еспергаро, слабиот дожд кој започна со втората квалификациска сесија ги натера сите возачи да форсираат, а Еспергаро ја процени ситуацијата доволно добро за да дојде до првата пол позиција во МотоГП.

Утрешната трка од втората позиција ќе ја започне Марк Маркез, а зад него е Дани Педроса. Вториот ред го сочинуваат Андреа Ианон, Кал Крачлоу и Бредли Смит.

Хорхе Лоренцо трката ќе ја започне од деветата позиција, додека пак Валентино Роси ќе има тешка задача со оглед на тоа што ќе стартува од 12-та позиција.

Поз.ВозачБр.ЗемјаТимМоторВреме/разлика
1 Aleix Espargaro 41 ESP NGM Mobile Forward Racing YAMAHA 1'38.789
2 Marc Marquez 93 ESP Repsol Honda Team HONDA 1'40.194
3 Dani Pedrosa 26 ESP Repsol Honda Team HONDA 1'40.732
4 Andrea Iannone 29 ITA Pramac Racing DUCATI 1'40.786
5 Cal Crutchlow 35 GBR Ducati Team DUCATI 1'40.796
6 Bradley Smith 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 YAMAHA 1'40.818
7 Andrea Dovizioso 4 ITA Ducati Team DUCATI 1'41.140
8 Stefan Bradl 6 GER LCR Honda MotoGP HONDA 1'41.982
9 Jorge Lorenzo 99 ESP Yamaha Factory Racing YAMAHA 1'42.259
10 Alvaro Bautista 19 ESP Go & Fun Honda Gresini HONDA 1'42.884
11 Pol Espargaro 44 ESP Monster Yamaha Tech 3 YAMAHA 1'43.085
12 Valentino Rossi 46 ITA Yamaha Factory YAMAHA 1'43.625
13 Karel Abraham 17 CZE Cardion AB Motoracing HONDA 1'34.907
14 Hiroshi Aoyama 7 JPN Drive M7 Aspar HONDA 1'34.930
15 Yonny Hernandez 68 COL Pramac Racing DUCATI 1'35.056
16 Scott Redding 45 GBR Go & Fun Honda Gresini HONDA 1'35.059
17 Danilo Petrucci 9 ITA IodaRacing Project IODA-SUTER 1'35.346
18 Colin Edwards 5 USA NGM Mobile Forward Racing YAMAHA 1'35.484
19 Broc Parkes 23 AUS Paul Bird Motorsport PBM 1'35.513
20 Hector Barbera 8 ESP Avintia Racing MotoGP FTR-KAWASAKI 1'35.631
21 Michael Laverty 70 GBR Paul Bird Motorsport ART & PBM 1'35.731
22 Nicky Hayden 69 USA Drive M7 Aspar HONDA 1'35.792
23 Mike Di Meglio 63 FRA Avintia Racing MotoGP FTR-KAWASAKI 1'35.980

Трката утре започнува во 14 часот, пренос ќе има на СпортКлуб каналот или преку стриминг на sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.

Honda Super Cub, кој беше создаден во Јапонија, ја отсликува пасијата на компанијата да им служи на луѓето ширум светот. Како резултат на ваквата политика, Super Cub серијата веќе долго време предизвикува задоволство кај луѓето од целиот свет и успеа да стигне до бројка од 100 милиони произведени примероци.

Сега сме во многу тешка ситуација, особено кога настапуваме на влажни услови. И на суви услови имаме проблеми но барем можеме да бидеме малку поконкурентни.

Бројот на претсезонските тестови во 2019 година ќе биде ограничен и ќе се оддржат само во Сепанг и во Катар пред започнувањето на сезоната.

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Патеката во Херез на која ќе се оддржи трката од WSBK шампионатот ќе биде полна со возачи кои се на замена. Големиот број на повреди оваа сезона не ги погодија само регуларните возачи туку и нивните заменици.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!