Пол Еспаргаро и Кацујуки Накасуга ќе се обидат да ја одбранат титулата на „8 часа Сузука“. Ним ќе им се придружи и Алекс Ловс.

Иднината на Пол Еспаргаро во тимот на Yamaha веќе е потврдена, тие се разделуваат на крајот од сезоната, но Шпанецот ќе се врати на патеката во Сузука во обид да ја одбрани титулата.

Возејќи заедно со Јапонскиот Супербајк шампион, Кацујуки Накасуга, Еспаргаро и тимскиот колега од YamahaTech 3 Бредли Смит, ја освоија првата титула за тимот по 1996 година.

AU1341217

За разлика од Смит, кој потврди дека ќе премине во тимот на KTM, Еспаргаро и Накасуга добија потврда дека ќе настапат за тимот на Yamaha. Ним ќе им се приклучи и ѕвездата од WSBK серијата Алекс Ловес кој е повикан на местото на Смит.

Еспаргаро, кој не успеа да го заземе слободното место во фабрикиот тим на Yamaha, се поврзува со премин во тимот на KTM, и покрај тоа што YamahaTech 3 сакаше да го задржи Шпанецот.

Еспаргаро во моментов е на седмата позиција и има најдобар пласман од сите возачи на приватните тимови.

Back To Top