MotoGP

МотоГП: Победа за Стонер, Хондата беше пребрза за Јамахата на Лоренцо

motori ls-stoner2Победа за Кејси Стонер на патеката Лагуна Сека во САД. Стонер успеа да симне 5 бода од предноста која ја имаше Лоренцо во генералниот пласман и со тоа да ја одржи неизвесноста во шампионатот.

 

Следете нè на:

 

 

Победа за Кејси Стонер на патеката Лагуна Сека во САД. Стонер успеа да симне 5 бода од предноста која ја имаше Лоренцо во генералниот пласман и со тоа да ја одржи неизвесноста во шампионатот.

ls-stoner2

Трката на Лагуна Сека се возеше на одлични временски услови, а како што е обичја, атрактивната патека беше домаќин само на возачите од најсилната МотоГП класа. 

Мишел Пиро во првиот круг ја заврши трката, а Тони Елиас го снајде истата судбина во вториот круг. За среќа двајцата возачи завршија без повреди.

Кејси Стонер го мина Педроза веќе во третиот круг и веднаш започна со напад на првата позиција на Хорхе Лоренцо. Првата група која ја сочинуваа Лоренцо, Стонер и Педроза за само неколку круга успеа да направи разлика од 3 секунди во однос на втората група возачи кои ја сочинуваа Спиз, Довициозо, Крачлоу и Брадл.

ls-lorenzo2

Беше интересно да се следи битката за првата позиција помеѓу Лоренцо и Стонер, но Дани Педроза воопшто не помислуваше да го намали темпото па така во првите 10 круга следевме навистина возбудлива трка.

На 22 круга до крајот започнаа и возбудливите претекнувања помеѓу клубските колеги од Јамаха Теч3 тимот, Андреа Довициозо и Кал Крачлоу. Пред нив го следевме Бен Спиз, а веднаш зад нив Штефан Брадл, но и Ники Хејден полека се приближуваше кон групата. Валентино Роси годинава како да е претплатен на 9-та позиција, па верувам дека никој не беше изненаден од повторувањето на „успехот“ и на Лагуна Сека.

ls-rossi2Лошата сезона на Роси продолжи и во САД

На листата на возачи без пласман се приклучи и Матијас Пасини чија Априлија откажа послушност. На 12 круга до крајот и Данило Петручи влезе во боксот, а веднаш потоа и Елисон доживеа лоу сајд кој го остави без пласман во САД.

Битката за првата позиција започна да се разгорува на 13 круга до крајот, Стонер успеа да направи разлика пред својот клубски колега бидејќи претходно Педроза за малку ќе го загубеше предниот дел, но независно од тоа Австралијанецот започна со намалување на предноста која ја имаше Лоренцо. Агресивното возење на Стонер вроди со плод на 10 круга до крајот, кога по стартно-целната рамнина тој успеа прв да влезе во свиокот. 

Лошата сезона продолжи и за Бен Спиз, Американецот падна додека беше на четвртата сезона, па одлуката за напуштање на МотоГП по крајот на сезоната сега веројатно не изненадува никого.

ls-spies2Спиз ја запечати одлуката за напуштање на МотоГП, падна додека беше на 4-та позиција

Во следниот круг Стонер, Лоренцо и Педроза за цел круг ги поминаа заостанатит возачи на ЦРТ моторите, за среќа поминувањата поминаа без да им попречат и да се направи поголема разлика помеѓу водечките.

Во последните кругови Стонер ја зголеми предност во однос на Лоренцо на повеќе од 1 секунда, а Педроза возеше на третата позиција со 3 секунди заостанување зад водечкиот во генералниот пласман. На четвртата и петтата позиција ги следевме Довициозо и Крачлоу, а Ники Хејден успеа да го помине Брадл за шестото место. Откако Бен Спиз падна на Роси му припадна осмата позиција која ја имаше се до 2 круга пред крајот, кога и тој доживеа пад со кој се приклучи на листата од 7 возачи кои не ја завршија трката. 

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 1 Casey STONER Repsol Honda Team 158.4 43'45.961
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 158.2 +3.429
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 157.9 +7.633
4 13 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 157.3 +18.602
5 11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 157.2 +18.779
6 10 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 156.8 +26.902
7 9 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 156.7 +28.393
8 8 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 155.4 +50.246
9 7 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 153.7 +1'18.993
10 6 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 153.6 +1'22.076
11 5 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 153.3 1 круг
12 4 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 152.9 1 круг
13 3 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 151.6 1 круг
14 2 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 151.4 1 круг
Без пласман
46 Valentino ROSSI Ducati Team 156.2 3 круга
11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 157.4 11 круга
77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 151.9 13 круга
9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 151.4 14 круга
54 Mattia PASINI Speed Master 152.2 21 круга
24 Toni ELIAS Pramac Racing Team 134.1 31 круга
51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 0 круга

Генерален пласман:

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 205
2 Dani PEDROSA Honda SPA 182
3 Casey STONER Honda AUS 173
4 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 121
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 106
6 Stefan BRADL Honda GER 84
7 Nicky HAYDEN Ducati USA 84
8 Valentino ROSSI Ducati ITA 82
9 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 81
10 Ben SPIES Yamaha USA 66
11 Hector BARBERA Ducati SPA 60
12 Randy DE PUNIET ART FRA 33
13 Aleix ESPARGARO ART SPA 33
14 Michele PIRRO FTR ITA 16
15 Mattia PASINI ART ITA 13
16 James ELLISON ART GBR 12
17 Colin EDWARDS Suter USA 11
18 Karel ABRAHAM Ducati CZE 10
19 Yonny HERNANDEZ BQR COL 10
20 Danilo PETRUCCI Ioda ITA 9
21 Ivan SILVA BQR SPA 7

comments

Би можело да ве интересира

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Фантастичната сезона за нашите натпреварувачи во брзински мотоцклизам продолжува откако и Романската Мото Федерација ги соопшти конечните резултати.

Во случај да не сте еден од оние 23 среќници кои се сопственици на ARCH Method143, изработен од карбон, ARCH Motorcycle имаат модел кој ќе биде достапен и за нас, обичните смртници.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!