18
Пет, Авг
MotoGP

МотоГП: Победа за Педроза на Индијанаполис

motori pedrosa-indiТрката на Индијанаполис започна по многу перипетии околу тоа дали Стонер, Спиз и Хејден ќе возат по тешките падови кои ги доживеаја на квалификациите, за на крајот единствено Ники Хејден да не го видиме на стартната линија. 

Следете нè на:

 

pedrosa-indi

Трката на Индијанаполис започна по многу перипетии околу тоа дали Стонер, Спиз и Хејден ќе возат по тешките падови кои ги доживеаја на квалификациите, за на крајот единствено Ники Хејден да не го видиме на стартната линија. 

Информациите за Стонер се менуваа од час во час, уште вчера доцна вечерта беше познато дека тој има скинати лигаменти на десниот зглоб на ногата и полесни фрактури но дури утринава по консултациите со лекарите тој одлучи дека ќе вози на трката за ГН на Индијанаполис. Состојбата со Спиз беше слична, домаќинот беше неизвесен за денешната трка откако по вчерашниот пад го откажа прес настанот по квалификациите, а изутринава изјави дека се осеќа претепано но ќе даде се од себе.

stoner-indi

На самиот старт само Лоренцо и Тони Елиас започнаа со средни односно меки задни гуми, а Педроза иако имаше одличен старт Спиз го превзема водството во вториот свиок на Индијанаполис. Веднаш зад него беше Педроза следен од Довициозо, Лоренцо и Штефан Брадл. Возбудувањата започнаа веќе од првиот круг, па така Матијас Пасини беше првиот за кој трката заврши предвреме, а веќе во третиот круг Педроза го превзема водството од Спиз. Она што следуваше потоа беше вистински кошмар за тимот на Јамаха, моторото на Бен Спиз едноставно престана да работи, бел чад од издувот значеше крај на трката за неговата М1 и уште една неуспешна трка за американецот во 2012-та. Агрегатот кој го возеше Бен Спиз беше истиот со кој настапуваше на изминатите 5 сесии, а агресивното возење пред домашната публика се покажа како пресудно за него. Нормално со тој агрегат се возат 25-30 сесии па останува нејасно што се случи со моторот на Спиз.

spies-indi

По откажувањето на Спиз, Брадл се најде на четвртата позиција, следен од Кејси Стонер кој наскоро се обиде да го помине, а Лоренцо полека започна да ја намалува разликата од водечкиот Педроза. Во првиот круг по откажувањето на Спиз таа изнесуваше повеќе од 2.5 секунди, за да по само два круга биде намалена на 1.7 секунди.

Во 10-от круг Кал Крачлоу заврши надвор од патеката, во четвртиот свиок додека беше на 7-та позиција тој ја заврши трката, за среќа без последици. На 17 круга до крајот разликата од водечкиот Педроза до Лоренцо повторно се зголеми на повеќе од 3 секунди, а Стонер успеа да го помине Довициозо за 3-та позиција. Во тој момент Педроза, Лоренцо, Стонер и Баутиста беа единствените возачи на патеката кои забележуваа време под 1.39с.

lorenzo-indi

На 15 круга до крајот го проследивме и откажувањето на Де Пуние заради технички проблеми со кумпунгот кој едноставно откажал, за во следниот круг Педроза да продолжи со зголемување на предност пред Лоренцо која сега веќе изнесуваше повеќе од 4 секунди. Во тој круг го забележа и најдоброто време на патеката од 1.39,088.

На 10 круга до крајот на трката Педроза за малку ќе завршеше надвор од патеката во свиокот бр.2 но успеа да се задржи на неговата Хонда и да загуби малку од предноста која ја имаше во однос на Лоренцо. Шпанецот во тој момент возеше најбрз круг на Индијанаполис и успеа да ја намали разликата од водечкиот Педроза на 3.8 секунди, а да ја задржи предноста пред Стонер на 10 секунди.

dovizioso-indi

На 7 круга до крајот битката за 3-то место стана возбудлива откако Довициозо успеа да го помине Кејси Стонер. Педроза возеше безбедно на првата позиција, Лоренцо зад него, а на патеката не се случуваше ништо друго возбудливо па можевме да се сконцентрираме на борбата за 3-та позиција. 

До крајот немаше поголеми возбудувања, Педроза продолжи со одличното возење и го задржа времето од 1.39 низ целата трка, Лоренцо финишираше на втората позиција без да биде загрозен, а борбата за третата позиција продолжи до самиот крај кое сепак му припадна на Довициозо, оставајќи го Стонер на четвртата позиција.

На петтото место финишираше Алваро Баутиста, следен од Штефан Брадл и Валентино Роси, а на осмата позиција го проследивме Карел Абрахам.

Поз.БодБр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 151.8 46'39.631
2 20 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 151.2 +10.823
3 16 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 150.9 +17.310
4 13 1 Casey STONER Repsol Honda Team 150.7 +19.803
5 11 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 150.6 +22.556
6 10 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 150.2 +30.072
7 9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 148.7 +57.614
8 8 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 148.2 +1'08.442
9 7 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 148.0 +1'11.106
10 6 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 147.9 +1'14.079
11 5 24 Toni ELIAS Pramac Racing Team 147.3 +1'26.305
12 4 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 146.5 +1'40.274
13 3 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 146.0 1 круг
14 2 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 145.5 1 круг
15 1 15 Steve RAPP Attack Performance 145.3 1  круг
16 20 Aaron YATES GPTech 142.5 1  круг
Без пласман
35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 149.7 19 круга
14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 147.0 20  круга
11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 150.7 22 круга
51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 135.6 27  круг
54 Mattia PASINI Speed Master 0 круга
9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 0  круга

Генерален пласман

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 225
2 Dani PEDROSA Honda SPA 207
3 Casey STONER Honda AUS 186
4 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 137
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 106
6 Stefan BRADL Honda GER 94
7 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 92
8 Valentino ROSSI Ducati ITA 91
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 84
10 Ben SPIES Yamaha USA 66
11 Hector BARBERA Ducati SPA 60
12 Aleix ESPARGARO ART SPA 39
13 Randy DE PUNIET ART FRA 33
14 Karel ABRAHAM Ducati CZE 18
15 Yonny HERNANDEZ BQR COL 17
16 Michele PIRRO FTR ITA 16
17 James ELLISON ART GBR 14
18 Colin EDWARDS Suter USA 14
19 Mattia PASINI ART ITA 13
20 Ivan SILVA BQR SPA 11
21 Danilo PETRUCCI Ioda ITA 9
22 Toni ELIAS Ducati SPA 5
23 Steve RAPP APR USA 1

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!