22
Нед, Јан
MotoGP

MotoGP: Победа за Педроса во Јапонија

Дани Педроса дојде до 27-та победа во својата кариера, прва по онаа во Брно во 2014 година, откако стартуваше од шестата позиција на патеката Мотеги за ГН на Јапонија.

Следете нè на:

 

26 pedrosa26 pedrosa lg4 4592 0.bigПрва победа за Педроса по Брно во 2014

Дани Педроса дојде до 27-та победа во својата кариера, прва по онаа во Брно во 2014 година, откако стартуваше од шестата позиција на патеката Мотеги за ГН на Јапонија.

Втор низ целната линија помина Валентино Роси, тој го забележа 14-от подиум во сезоната и ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Лоренцо на 18 бода. Лоренцо повторно се искачи на пиедесталот, овој пат како трет, со што дојде до неверојатни 94 подиуми во кариерата.

Трката во Јапонија беше интересна пред се заради временските услови, утринските загревачки сесии беа одложени за 2 часа заради дождот, но трката започне во предвидениот термин. По стартот на трката никој не можеше да предвиди што ќе се случи, Роси излезе на чело на колоната во првиот свиок, но веќе во вториот го пропушти Лоренцо напред. Иако навидум се беше решено откако во следните неколку круга Лоренцо направи предност од 3 секунди пред Роси, сепак до крајот следевме возбудлива трка со сосема различен исход. 

Во првиот дел од трката изгледаше како Роси да нема одговор на темпото на Лоренцо, а истовремено требаше да се брани и од Довициозо кој беше зад него. Во меѓувреме Педроса беше најбрз на патеката и успеа од шестата стартна позиција да дојде до четвртото место, за во 11-от круг да го помине и Довициозо. Иако во моментот Роси имаше предност од 2,7 секунди пред него, тој започна со своето темпо и возење кое се покажа како одлично.

Намалувајќи по 1,5 секунди во круг, до 9 круга пред крајот Педроса успеа да го стигне Роси, а Лоренцо очигледно имаше проблеми со трошењето на предната гума. Педроса го помина Роси но двајцата продолжија кон Лоренцо кој во тој момент беше 2,7 секунди пред нив. На 17-от круг Педроса без проблем го помина Лоренцо на правецот во Мотеги, и не ја загуби предноста до крајот на трката.

Возачите на Јамаха кои беа практично без предни гуми имаа тешка задача, ризикот и наградата која беше пред нив беше доволен мотив да следиме возбудливи последни кругови. Со грешката која ја направи Лоренцо во свиокот број 3 на 5 круга до крајот му ја подари втората позиција на Роси, кој потоа рутинирано заврши со предност од 3 секунди пред Лоренцо.

Во генералниот пласман Валентино Роси има 283 бодови, 18 повеќе од Лоренцо, а на третата позиција е Марк Маркез со 197 бодови. До крајот на шампионатот преостануваат уште 3 трки: Филип Ајленд (Австралија) на 18-ти октомври, Сепанг (Малезија) на 25-ти октомври и Валенсија - Рикардо Тормо (Шпанија) на 8-ми ноември.

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 46'50.767
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +8.573
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +12.127
4 13 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +27.841
5 11 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +35.085
6 10 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda +37.263
7 9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +37.667
8 8 21 Katsuyuki NAKASUGA JPN Yamaha Factory Racing Team Yamaha +44.654
9 7 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +48.572
10 6 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +50.121
11 5 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +1'00.535
12 4 72 Takumi TAKAHASHI JPN Team HRC with Nissin Honda +1'01.211
13 3 69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +1'11.261
14 2 68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +1'13.896
15 1 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'15.421
16   19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'20.507
17   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'31.224
18   6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'46.833
19   64 Kousuke AKIYOSHI JPN AB Motoracing Honda +2'00.072
20   24 Toni ELIAS SPA Forward Racing Yamaha Forward 1 Круг
Без пласман
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 2 Круга
    43 Jack MILLER AUS LCR Honda Honda 8 Круга
    25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 11 Круга
    76 Loris BAZ FRA Forward Racing Yamaha Forward 11 Круга
    29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 14 Круга
    9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati 16 Круга
comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!