23
Нед, Јул
MotoGP

MotoGP: Победа за Педроса, титулата ќе се одлучува во Валенсија

Заслужена победа за Педроса на Сепанг, Хорхе Лоренцо дојде до втората позиција, а на пиедесталот се искачи и Валентино Роси по неверојатната борба со Маркез.

Следете нè на:

 

562b3fe9612225.91120321Победа за Педроса на Сепанг

Заслужена победа за Педроса на Сепанг, Хорхе Лоренцо дојде до втората позиција, а на пиедесталот се искачи и Валентино Роси по неверојатната борба со Маркез.

Бевме сведоци на уште една неверојатна трка, главниот фокус овој пат не беше на борбата за првата позиција која сосема заслужено му припадна на Дани Педроса, фокусот беше на бробата помеѓу Роси и Маркез.

По трката во Малезија јасно е дека она што Валентино Роси го збореше по прес конференцијата сепак не било плод на неговата фантазија. Марк Маркез од стартот на трката возеше со една цел, да го успори Роси колку што е можно повеќе.

На самиот старт тој отиде во десната страна од каде што доаѓаше Роси, за потоа супер лесно да ја загуби втората позиција од Лоренцо без да се обиде да ја поврати. Затоа пак четврто пласираниот Роси имаше пеколно тешка задача да дојде до третата позиција.

Агресивното возење на Маркез кој возеше од свиок во свиок лакт до лакт со Роси на крајот се покажа како кобно за него. Роси беше свесен дека доколку останат позициите непроменети ќе има разлика од само 4 бода во генералниот пласман па со победа во Каталуња Лоренцо ќе стане шампион независно од неговиот пласман. Откако неколкупати го поминуваше од внатрешната страна на работ на можностите, а потоа Маркез правеше се што може и не може за да се врати на третата позиција, Роси го успори Маркез од внатрешната страна на свиокот притоа гледајќи го во очите што предизвика Маркез да удри во него и да ја заврши трката.

До крајот немаше поголеми возбудувања, но Дукати остана без пласман откако најпрво Јанон имаше проблеми со моторот, а потоа и Довициозо доживеа пад по еден мал контакт со Крачлоу. Сепанг беше одлична трка и за Бредли Смит кој заврши на четвртата позиција, а Петручи на шестата. Интересен беше и дуелот помеѓу Еспергаро и Вињалес, возачите на Сузуки на крајот финишираа на седмата и осмата позиција.

Педроса дојде до заслужената прва позиција во Сепанг, Лоренцо се искачи на пиедесталот како второпласиран, а со третата позиција на Роси разликата во генералниот пласман помеѓу нив двајца падна на 7 бодови. Последната трка од шампионатот која се вози на 8-ми ноември во Валенсија ќе го одлучи новиот МотоГП шампион.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 40'37.691
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +3.612
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +13.724
4 13 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +23.995
5 11 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda +28.721
6 10 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +36.372
7 9 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +39.290
8 8 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +39.436
9 7 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +42.462
10 6 6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +44.601
11 5 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +47.690
12 4 68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +52.112
13 3 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +52.360
14 2 24 Toni ELIAS SPA Forward Racing Yamaha Forward +53.619
15 1 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +53.631
16   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +1'01.431
17   43 Jack MILLER AUS LCR Honda Honda +1'02.828
18   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'05.075
19   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'09.877
20   13 Anthony WEST AUS AB Motoracing Honda +1'24.749
Без пласман
    4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 10 круга
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 13 круга
    76 Loris BAZ FRA Forward Racing Yamaha Forward 18 круга
    29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati 19 круга
Не го заврши првиот круг
    55 Damian CUDLIN AUS E-Motion IodaRacing Team ART 0 круга
comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!