26
Нед, Мар
MotoGP

MotoGP: Победа за Маркез во трката на годината

Возачот на Хонда Репсол тимот дојде до 50-та победа во кариерата на патеката Филип Ајленд во трката која сосема оправдано го добива епитетот трка на годината.

Следете нè на:

 

filip ajlend pobedaМеркез излезе како победник на една од нај интересните МотоГП трки

Возачот на Хонда Репсол тимот дојде до 50-та победа во кариерата на патеката Филип Ајленд во трката која сосема оправдано го добива епитетот трка на годината.

Марк Маркез излезе како победник на трката за ГН на Австралија, забележувајќи ја 50-та победа во кариерата, петта за 2015. Маркез ја доби победата со предност од 0.249 пред Лоренцо, а на по=иедесталот се искачи и Андреа Јанон. Валентино Роси на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција.

32000 гледачи на трибините на Филип Ајленд имаа прилика во живо да ја проследат една од нај интересните МотоГП трки во историјата на шампионатот. Трката имаше се што е потребно да се прогласи за трка на годината, полна рака претекнувања, четворица претенденти за победник, контакти, па дури и удар на птица.

Почетокот на трката го одбележа Јанон како водечки, со Лоренцо и Маркез зад него, за веднаш по тоа Лоренцо да го превземе водството, а Маркез имаше контакт со Педроса во борбата за третата позиција. Јанон во вториот круг повторно ја превзема водечката позиција, но удри во галеб што му овозможи на Лоренцо повторно да избие на чело на колоната.

Валентино Роси иако стартуваше од седмата позиција му беа потребни само три круга да дојде до четвртото место, и да се приклучи на водечката тројка. Лоренцо потоа започна со одвојување на првата позиција, до кругот 7 имаше предност од 1,4 секунди но тројката зад него и покрај меѓусебната борба успеа да го намали времето на водечкиот.

Лоренцо можеше да ужива на првата позиција се до 10 круга до крајот, кога веднаш зад него се најдоа Маркез, Јанон и Роси. Од тука па до крајот никој не знаеше кој ќе биде победник на трката. Додека Лоренцо, Маркез и Роси ги користеа своите можности по кривините, Јанон ја користеше моќта на Дукатито на правците за да ги поминува, па бевме сведоци на ситуации во кои тој поминуваше по двајца возачи наеднаш.

Последниот круг беше толку неизвесен што гледачите го проследија на нозе, четворицата водечку влегоа во него со разлика помала од 0,5 секунди. Маркез го помина Јанон за втората позиција и трган кон Лоренцо, а Роси иако успеа да го помине Јанон за третата по контактот кој го имаа повторно се врати назад. Во свиокот број 10 Маркез го помина Лоренцо за водечката позиција која успешно ја задржа до крајот и ја забележа 50-та победа во кариерата. Хорхе Лоренцо забележа втора позиција која му донесе нови 20 бодови со што разликата во генералниот пласман од Роси ја намали на 11 бода. Јанон го комплетираше подиумот, по трет пат сезонава, додека пак четвртото место на Роси значеше само втор пат во 16 трки тој да не се искачи на пиедесталот.

Дека стануваше збор за навистина блиска трка говори фактот што првите четворица на крајот завршија во разлика од 1 секунда. За Роси ова беше 328-мо Гранд При што го изедначи со рекордот на Лорис Капироси за најмногу започнати трки во кариерата.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 40'33.849
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.249
3 16 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +0.930
4 13 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.058
5 11 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +5.062
6 10 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +6.800
7 9 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda +9.375
8 8 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +18.401
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +20.039
10 6 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +20.657
11 5 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +21.846
12 4 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +22.840
13 3 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +29.168
14 2 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +37.244
15 1 43 Jack MILLER AUS LCR Honda Honda +40.192
16   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +48.263
17   68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +48.572
18   76 Loris BAZ FRA Forward Racing Yamaha Forward +48.677
19   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +50.201
20   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +50.262
21   6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +50.277
22   24 Toni ELIAS SPA Forward Racing Yamaha Forward +1'20.942
23   13 Anthony WEST AUS AB Motoracing Honda +1'23.454
Без пласман
    69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda 18 круга
    55 Damian CUDLIN AUS E-Motion IodaRacing Team ART 18 круга

Следната трка (пред последна во шампионатот) се вози следниот викенд (25-ти октомври) на патеката Сепанг за ГН на Малезија.

 

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!