22
Саб, Јул
MotoGP

MotoGP: Победа за Маркез во Малезија

Фантастичниот Марк Маркез дојде до 12-та победа во сезоната на патеката Сепанг во Малезија.

Следете нè на:

 

93marquez  gp 6209 originalМарк Маркез на Сепанг, Малезија

Фантастичниот Марк Маркез дојде до 12-та победа во сезоната на патеката Сепанг во Малезија.

Стартот на трката во Сепанг ни донесе многу возбудувања. Видовме контакт помеѓу Лоренцо и Маркез во првиот свиок благодарение на кој Педроса изби на првата позиција, следен од Довициозо, Лоренцо и Роси. До крајот на првиот круг Лоренцо успеа да го помине и Довициозо и Педроса, а Маркез се проби до 6-та позиција. Алеш Еспергаро ја заврши трката во вториот круг заедно со Алваро Баутиста. Во свиокот бр.15 потоа излета и Дани Педроса, неговиот преден крај едноставно попушти и тој заврши крај патеката.

На 18 круга до крајот Лоренцо беше водечки, Роси веднаш зад него, а на третата позиција го следевме Маркез. Зад нив во втората група возеа Довициозо, Брадл, Крачлоу и Смит. Роси кој возеше со помека предна гума од Лоренцо се обидуваше да го помине својот клубски колега во неколку наврати но Шпанецот го издржа притисокот. 

Уште еден возач кој не ја заврши денешната трка беше Кал Крачлоу, неговото Дукати едноставно застана во момент кога тој беше на шестата позиција. Неколку круга подоцна и Ники Хејден се запиша во листата на возачи кои не финишираа на Сепанг, по негова вина откако влезе премногу брзо во свиокот бр.15

Лоренцо ја задржа водечката позиција до 11 круга пред крајот на трката, Роси тогаш започна со напад на првата позиција, Лоренцо успешно се одбрани на првиот обид, а Маркез на третата позиција будно ги следеше возачите на Јамаха. До крајот на кругот Роси успеа да го помине својот клубски колега, а веднаш откако Роси го помина Лоренцо, Маркез започна со притисокот и веќе во следниот круг тој изби на втората позиција, оставајќи го Лоренцо зад себе.

46rossi  gp 6868 originalВалентино Роси на Сепанг, Малезија

Два круга подоцна Роси направи грешка во последниот свиок, Маркез ја искористи грешката и дојде до првата позиција без никаква борба, но Роси не дозволи Маркез да направи голема разлика и се залепи за неговото задно тркало. Темпото кое го наметнаа двајцата возачи беше побрзо од она на Лоренцо, можеби и заради тврдата предна гума која ја имаше само тој од водечките тројца.

Во меѓувреме Дани Педроса повторно падна и овојпат дефинитивно ја заврши трката. По првото излетување од патеката успеа да се врати назад и притоа да дојде до 11-та позиција, сепак на 7 круга до крајот возачот на Хонда остана без бодови од Сепанг.

До крајот на трката фокусот беше на борбата за првата позиција помеѓу Марк Маркез и Валентино Роси, Лоренцо иако возеше зад нив не беше доволно агресивен па од круг во круг заостануваше зад водечките двајца и веќе беше извесно дека ќе се задоволи со третата позиција во Малезија.

На 3 круга до крајот Роси направи мала грешка по која Маркез успеа да направи незначителна разлика, која до крајот стануваше се поголема, а Докторот во последните два круга беше очигледно дека се откажа од борбата за првата позиција. Со ова Маркез дојде до 12-та победа во сезоната, прва за него на патеката Сепанг во Малезија. Со оваа победа Маркез го изедначи рекордот од 12 победи во една сезона на Мик Дуан од 1997 година.

До крајот на шампионатот преостанува само уште една трка која се вози на 9-ти ноември во Валенсија.

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 40'45.523
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +2.445
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +3.508
4 13 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +21.234
5 11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +22.283
6 10 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +34.668
7 9 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +38.435
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +48.839
9 7 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +50.792
10 6 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +59.088
11 5 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +1'15.949
12 4 70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'17.966
13 3 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'27.773
14 2 23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'44.244
Без пласман
    15 Alex DE ANGELIS RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha 1 круг
    9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART 6 круга
    26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 8 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 9 круга
    69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda 14 круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 16 круга
    41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 19 круга
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 19 круга
comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!