23
Сре, Авг
MotoGP

МотоГП: Победа за Лоренцо во Силверстоун за 25 бода предност

motori lorenzo-silverstoneШестата рунда од МотоГП шампионатот која денеска се возеше на патеката Силверстоун за ГН на Велика Британија му припадна на Хорхе Лоренцо, со што шпанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Кејси Стонер на 25 бода.

Следете нè на:

 

lorenzo-silverstone

Шестата рунда од МотоГП шампионатот која денеска се возеше на патеката Силверстоун за ГН на Велика Британија му припадна на Хорхе Лоренцо, со што шпанецот ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Кејси Стонер на 25 бода.

На самиот старт на трката Бен Спиз дојде до првата позиција, а веднаш зад него се најде Кејси Стонер. Баутиста кој на вчерашните квалификации дојде до својата прва пол позиција, добро се снајде на почетокот па успеа да се задржи на третата позиција, следен од Ники Хејден. Овие четворица ја сочинуваа првата група во првите кругови од трката, и имаа мала предност во однос на втората група која ја сочинуваа Лоренцо, Довициозо и Педроза.

На 16 кругови до крајот двете групи се споија во една, а во тој момент Бен Спиз направи грешка при влез во свиокот и Кејси Стонер ја превзема водечката позиција. Ники Хејден постојано атакуваше на третата позиција на Баутиста па притоа направи две грешки, втората во која излезе премногу широко ја искористи Лоренцо да дојде до четвртата позиција.

bautistaБаутиста дојде до својата прва пол позиција на Силверстоун, но не успеа да се искачи на подиумот.

Одличната трка продолжи и во следните кругови, Хорхе Лоренцо продолжи со агресивното возење па за кратко и третата позиција беше негова, а веднаш потоа го помина и Бен Спиз. Мешаницата на 13 круга до крајот направи неколку промени во позициите, во тој момент Стонер беше прв, па потоа следуваа Лоренцо, Баутиста, Спиз, Довициозо, Педроза, Хејден и Штефан Брадл на крајот од првата група.

Слабите трки за Спиз продолжија и на Силверстоун, одличниот старт кој го имаше Американецот не беше доволен за да проследиме добро возење, направи неколку грешки кои на 12 круга до крајот го оставија на 6-та позиција. Два круга подоцна Андре Довициозо загуби неколку позиции, а домаќинот Кал Крачлоу измами аплаузи од публиката поминувајќи го Штефан Брадл за седмата позиција.

Борбата која ја чекавме цела сезона помеѓу Стонер и Лоренцо започна на 9 круга до крајот на трката. Лоренцо успеа да влезе во вториот свиок од внатрешна страна па следевме неколку возбудливи претекнувања кои на крајот сепак завршија во полза на Лоренцо. Истовремено се одвиваше интересна борба за третата позиција помеѓу Педроза и Баутиста.

stoner-silverstoun

Превземањето на првата позиција за Лоренцо не беше доволна па шпанецот продолжи со одличното возење и за само еден круг имаше предност поголема од една секунда, а Стонер веќе го чувствуваше притисокот од својот клубски колега Дани Педроза и Алваро Баутиста кој беше зад него.

До крајот вредна за забележување беше бробата за втората позиција помеѓу возачите на Репсол Хонда тимот која на крајот му припадна на Стонер, одлична четврта позиција за Баутиста и шесто место за Кал Крачлоу.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 171.5 41'16.429
2 20 1 Casey STONER Repsol Honda Team 171.3 +3.313
3 16 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 171.3 +3.599
4 13 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 171.2 +5.196
5 11 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 170.7 +11.531
6 10 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 170.5 +15.112
7 9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 170.5 +15.527
8 8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 170.0 +22.521
9 7 46 Valentino ROSSI Ducati Team 169.1 +36.138
10 6 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 168.7 +41.328
11 5 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 167.3 +1'03.157
12 4 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 167.3 +1'03.443
13 3 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 167.0 +1'07.290
14 2 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 166.5 +1'14.782
15 1 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 166.5 +1'15.108
16 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 165.5 +1'29.899
17 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 164.9 +1'40.302
18 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 164.1 +1'52.099
19 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 160.7 1 Круг
Без пласман
54 Mattia PASINI Speed Master 164.3 6 Круга

 

Генерален пласман

Поз.ВозачМоторЗемјаБодови
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 140
2 Casey STONER Honda AUS 115
3 Dani PEDROSA Honda SPA 101
4 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 66
5 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 60
6 Valentino ROSSI Ducati ITA 58
7 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 58
8 Stefan BRADL Honda GER 51
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 49
10 Hector BARBERA Ducati SPA 37
11 Ben SPIES Yamaha USA 35
12 Aleix ESPARGARO ART SPA 20
13 Randy DE PUNIET ART FRA 11
14 Michele PIRRO FTR ITA 9
15 James ELLISON ART GBR 7
16 Mattia PASINI ART ITA 6
17 Karel ABRAHAM Ducati CZE 4
18 Colin EDWARDS Suter USA 4
19 Danilo PETRUCCI Ioda ITA 4
20 Yonny HERNANDEZ BQR COL 4
21 Ivan SILVA BQR SPA 1
comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!