24
Саб, Јун
MotoGP

МотоГП: Победа за Лоренцо пред домашната публика

motori start-katalunjaХорхе Лоренцо дојде до победа во битката со сонародникот Дани Педроза пред домашната публика на патеката Каталуња и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман пред актуелниот Светски шампион, Кејси Стонер.

Следете нè на:

 

start-katalunja

Хорхе Лоренцо дојде до победа во битката со сонародникот Дани Педроза пред домашната публика на патеката Каталуња и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман пред актуелниот Светски шампион, Кејси Стонер.

Дани Педроза од првиот свиок успеа да дојде до водство, иако стартуваше од вториот ред. Клубскиот колега на Лоренцо, Бен Спиз имаше исто така успешен старт, па така Американецот од четвртата позиција за само два круга дојде до второто место но за жал веднаш потоа излета од патеката и ја повтори лошата слика за себе сезонава. Спиз за разлика од минатата сезона годинава има проблеми со возењето, на секоја трка успева да направи одличен круг, да избие на една од челните позиции но потоа прави грешка која го враќа назад на последното место за потоа да се „бори“ за 10 или 11 позиција.

lorenco-katalunja

За разлика од него, Лоренцо имаше одлично возење, во шестиот круг од вкупно 25 колку што се возеа тој успеа да го помине Педроза и да дојде до првата позиција но возачот на Репсол Хонда успеа да го возврати ударот и да го поврати првото место. До крајот се покажа дека стратегијата со гумите и тоа како е важна, Хорхе Лоренцо кој се одлучи за помека компонента на задната гума можеше да форсира значително повеќе од Педроза кој возеше со тврда задна гума, па така возачот на фабричката Јамаха на шест круга до крајот успеа да го помине Педроза.

pedrosa-katalunja

Лоренцо на крајот дојде до победа со предност од пет секунди пред Педроза, а тој пак имаше предност од 4.3 секунди пред третопласираниот Андреа Довициозо. Возачот на Јамаха Теч3 тимот скоро низ целата трка ја држеше третата позиција, а на крајот успешно ја одбрани од Кејси Стонер кој се обиде да дојде до подиум. Стонер не беше во можност да направи ништо конкретно со пол позицијата па целата трка ја помина бранејќи се од одличниот Кал Крачлоу. Дури на крајот Стонер започна со по агресивно возење, но тоа не беше доволно да дојде до место на подиумот.

Поз.Бод.Бр.ВозачТимКм/чВреме
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing 164.4 43'07.681
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team 164.1 +5.003
3 16 4 Andrea DOVIZIOSO Monster Yamaha Tech 3 163.8 +9.361
4 13 1 Casey STONER Repsol Honda Team 163.8 +9.544
5 11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 163.6 +12.506
6 10 19 Alvaro BAUTISTA San Carlo Honda Gresini 163.5 +13.948
7 9 46 Valentino ROSSI Ducati Team 163.3 +17.555
8 8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP 162.9 +23.478
9 7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team 162.5 +30.410
10 6 11 Ben SPIES Yamaha Factory Racing 162.3 +32.897
11 5 8 Hector BARBERA Pramac Racing Team 162.1 +36.144
12 4 17 Karel ABRAHAM Cardion AB Motoracing 160.9 +56.229
13 3 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar 160.2 +1'08.054
14 2 51 Michele PIRRO San Carlo Honda Gresini 160.1 +1'08.775
15 1 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar 160.0 +1'10.483
16 77 James ELLISON Paul Bird Motorsport 159.9 +1'13.090
17 54 Mattia PASINI Speed Master 159.4 +1'20.903
18 68 Yonny HERNANDEZ Avintia Blusens 159.4 +1'21.235
19 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project 158.2 +1'41.207
20 22 Ivan SILVA Avintia Blusens 158.2 +1'41.888
5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing 151.5 1 Круг

За Стонер ова е прв пат да не се искачи на подиумот по трката на Херез во 2011, и сега во генералниот пласман заостанува цели 20 бодови зад Хорхе Лоренцо.

Генерален пласман:

Поз.ВозачТимЗемјаПоени
1 Jorge LORENZO Yamaha SPA 115
2 Casey STONER Honda AUS 95
3 Dani PEDROSA Honda SPA 85
4 Andrea DOVIZIOSO Yamaha ITA 60
5 Cal CRUTCHLOW Yamaha GBR 56
6 Valentino ROSSI Ducati ITA 51
7 Alvaro BAUTISTA Honda SPA 45
8 Stefan BRADL Honda GER 43
9 Nicky HAYDEN Ducati USA 40
10 Hector BARBERA Ducati SPA 31
11 Ben SPIES Yamaha USA 24
12 Aleix ESPARGARO ART SPA 15
13 Randy DE PUNIET ART FRA 7
14 Mattia PASINI ART ITA 6
15 Michele PIRRO FTR ITA 6
16 James ELLISON ART GBR 5
17 Karel ABRAHAM Ducati CZE 4
18 Colin EDWARDS Suter USA 4
19 Danilo PETRUCCI Ioda ITA 4
20 Yonny HERNANDEZ BQR COL 3
21 Ivan SILVA BQR SPA 1

Следната трка се вози на 17-ти Јуни на патеката Силверстоун.

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!