30
Вто, Мај
MotoGP

MotoGP: Победа за Лоренцо на 800-та Гранд При трка

Хорхе Лоренцо излезе како победник на хаотичната суво-мокра трка која денеска се одржа на патеката Арагон во Шпанија.

Следете нè на:

 

99lorenzo  gp 5083 originalПобеда за Лоренцо, втора позиција за Алеш Еспергаро и трета за Кал Крачлоу

Хорхе Лоренцо излезе како победник на хаотичната суво-мокра трка која денеска се одржа на патеката Арагон во Шпанија.

Во драматичната трка, Валентино Роси и Андреа Ианон претрпеа тешки падови додека патеката беше сува, за откако започна да врне истата судбина да ги снајде и Марк Маркез и Дани Педроса.

Лоренцо се запиша како победник на денешната трка со предност од 10 секунди пред второпласираниот Алеш Еспергаро. Тој направи одлична проценка на временските услови и направи замена на моторот со оној за дожд на четири круга до крајот, а потоа сите возачи беа приморани да ги заменат моторите откако дождот започна поројно да паѓа.

Заради лошите услови и Андреа Довициозо доживеа пад пред да го промени моторот заради кој заврши во болница. Возачите на Хонда, Дани Педроса и Марк Маркез се обидоа да останат до крајот на слик гуми, но најпрво Педроса, а потоа и Маркез се лизнаа на патеката која беше премногу мокра за мазните гуми, па на крајот финишираа на 13-та и 14-та позиција.

Во првите пет се запишаа и Штефан Брадл како и Бредли Смит кој целната линија ја помина пред својот клубски колега Пол Еспергаро за само 0.203сек.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 44'20.406
2 20 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +10.295
3 16 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati +10.312
4 13 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +11.718
5 11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +29.483
6 10 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +29.686
7 9 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +29.763
8 8 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +37.841
9 7 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +42.957
10 6 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +53.937
11 5 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART +59.824
12 4 15 Alex DE ANGELIS RSM NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'00.718
13 3 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +1'15.227
14 2 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1'24.526
15 1 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +1'38.255
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM 1 круг
17   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 1 круг
18   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM 1 круг
19   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati 1 круг
Без пласман
    4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 5 круга
    46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 20 круга
    29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 22 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 22 круга

 

 

comments

Би можело да ве интересира

МотоГП шампионатот продолжува со најпознатата патека во календарот, легендарната Муџело. Овој викенд на програмата е шестата од вкупно 18 трки колку што се предвидени за 2017 година.

Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, беше дел од една несреќа која се случи минатата недела за време на тренингот во Мондавио, Италија.

Откако настапи со вајлд карта за Moto3 тимот на Red Bull KTM Ajo на патеката во Ле Ман, Дени Кент ќе се врати во Moto2 за трката во Муџело. Англичанецот ќе биде замена за повредениот Икер Лекуона во тимот Garage Plus Interwetten.

Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!