22
Пет, Сеп
MotoGP

MotoGP: Победа за Лоренцо и дисквалификација за Маркез

Според коментарите на многумина, по објавата на новите правила на Филип Ајленд требаше да не очекува циркус, а тоа и се случи. Победа за Лоренцо и дисквалификација за Маркез која ќе ни донесе вистинска драма на крајот од шампионатот.

Следете нè на:

 

99-lorenzo s5d0223 originalПобеда за Лоренцо која го доближи на само 18 поени до водечкиот Маркез

Драма за сите пари во само 30 минути, така во кратки црти може да се опише она што денеска се случуваше на Филип Ајленд.

Според коментарите на многумина, по објавата на новите правила на Филип Ајленд требаше да не очекува циркус, а тоа и се случи. Победа за Лоренцо и дисквалификација за Маркез која ќе ни донесе вистинска драма на крајот од шампионатот.

Она што беше вчера најавено како новина односно одлука која за прв пат се спроведува заради проблемот со гумите се покажа како комплицирана задача за Маркез. Имено според првичните информации, Бриџстоун најави дека нивните гуми нема да издржат повеќе од 10 круга заради новиот асвалт на Филип Ајленд, па Дорна одлучи да воведе пит стоп на трката во Австралија. Според тоа секој возач требаше да влезе во боксот најдоцна во 10-от круг во трката и да направи промена на моторот, а Маркез не го стори тоа, извози полни 10 круга и во 11-от влезе во боксот.

На излезот од боксот тој за момент се најде на првата позиција, но во налет беа Лоренцо и Педроса па во свиокот Лоренцо дури и го удри Маркез, за среќа без последици за двајцата, освен што Маркез мораше да се врати на третата позиција.

BW 5Xb9IcAEVo6wМоментот од сударот за кој Лоренцо изјави: „Се најдовме во исто време на исто место, затоа се судривме“

Потоа на 7 круга до крајот дирекцијата на трката излезе со одлука Педроса да пропушти една позиција заради пребрз влез во пит стоп што дополнително ги заплетка работите. На 6 круга до крајот Маркез излезе пред Педроса и го започна бркањето на Лоренцо, но во тој момент за Маркез беше истакнато црно знаме! Како што се покажа по крајот на трката, се работелот за недоразбирање помеѓу тимот и сигнализацијата за Маркез, со што возачот беше амнестиран од грешка, а вината ја презеде тимот.

BW 5ilfIcAAkIteЦрно знаме за Маркез

Дорна се одлучи за драстична казна за возачот на Хонда, дисквалификација која му симна 25 бодови предност од контото во генералниот пласман па сега предноста пред второпласираниот Лоренцо изнесува само 18 бода.

Беше интересно да се следи и возењето на Роси кој иако стартуваше од третата позиција во првиот круг беше поминат од Дани Педроса но и од Бредли Смит. Благодарение на брзата реакција во боксот, по промената на моторот тој се врати на патеката на четвртата позиција, а потоа по дисквалификацијата на Маркез дојде и до место на пиедесталот. Сепак финишот беше далеку од лесен за Роси, бидејќи целната линија ја помина заедно со Алваро Баутиста и Кал Крачлоу.

Поз.ПоениБр.ВозачТимМоторРазлика
1 25 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 29'07.155
2 20 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda +6.936
3 16 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha +12.344
4 13 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +12.460
5 11 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda +12.513
6 10 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +28.263
7 9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati +32.953
8 8 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati +35.062
9 7 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati +35.104
10 6 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART +37.426
11 5 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART +46.099
12 4 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki +48.149
13 3 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati +49.911
14 2 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR +49.998
15 1 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter +58.718
16   23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART +58.791
17   71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki +1'08.105
18   70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART +1'27.230
19   52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter +1'31.093
20   7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 1 круг
21   50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 2 круга
Исклучени
    67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 0 круга
    93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 0 круга

До крајот на шампионатот ни преостануваат само уште две трки, следниот викенд се вози трката на Мотеги во Јапонија, и секако последната трка која се вози на 10-ти ноември на патеката Валенсија во Шпанија.

Во генералниот пласман сега Лоренцо има негатива од само 18 поени зад Маркез, а во игра за титулата се врати и Педроса на кого сега му недостигаат 34 поени. Не очекува навистина возбудлив крај на шампионатот кој не сакате да го пропуштите, дали ќе успее Маркез во првиот обид да ја освои титулата? Останува да видиме...

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона.

Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!