27
Вто, Јун
MotoGP

MotoGP: Победа на Роси за фантастичен старт на сезоната

Валентино Роси дојде до 109 победа во кариерата на трката за ГН на Катар која се возеше на патеката Лосаил.

Следете нè на:

 

rossi pobeda katar109-та победа за Роси во кариерата

Валентино Роси дојде до 109 победа во кариерата на трката за ГН на Катар која се возеше на патеката Лосаил.

Следевме возбудлива трка од почетокот до самиот крај, онаква каква што само можевме да посакаме за стартот на новата сезона во МотоГП шампионатот. Валентино Роси на Јамаха дојде до победа, а зад него финишираа возачите на Дукати Андреа Довициозо и Андреа Јанон.

Иако се очекуваше за победата да се вмешаат и возачите на Хонда, имајќи во предвид дека актуелниот шампион Марк Маркез имаше најдобри резултати на подготвителните тренинзи, сепак следевме трка помеѓу Дукати и Јамаха. Довициозо и Јанон беа фантастични, а нивните мотори едноставно летаа по правецот на Лосаил. За да следиме возбудлива трка до самиот финиш се погрижија Хорхе Лоренцо и Валентино Роси кои заедно со возачите на дукати се менуваа на челната позиција. На крајот борбата за првата позиција остана помеѓу Роси и Довициозо, борба која му припадна на Докторот со што на своето конто во генералниот пласман прокнижа 25 бода.

Марк Маркез направи грешка во првиот свиок кој го врати назад на 20-та позиција, за потоа возач по возач, неколкупати и двајца наеднаш, да дојде на крајот до петтата позиција. Сепак Хондата беше далеку од темпото на Дукати и Јамаха, тоа го покажа и Дани Педроса кој на крајот финишираше како шести.

Солидна трка следевме и од Кал Крачлоу кој со својата CWM LCR Honda заврши зад Педроса, а пред Бредли Смит. Пол Еспергаро и Јони Хернандез ги комплетираат првите 10 на денешната трка. Сузуки иако имаше одлични времиња во подготвителниот период на трката Алеш Еспергаро заврши само 11-ти, а Маверик Вињалес 14-ти.

Во продолжение следуваа комплетните резултати од денешната трка

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 42'35.717
2 20 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +0.174
3 16 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +2.250
4 13 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +2.707
5 11 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +7.036
6 10 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +10.755
7 9 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +12.384
8 8 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +12.914
9 7 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +13.031
10 6 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati +17.435
11 5 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +19.901
12 4 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati +24.432
13 3 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +32.032
14 2 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +33.463
15 1 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +33.625
16   6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward +33.944
17   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +38.970
18   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +46.570
19   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +59.211
20   15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART +1'14.981
21   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'48.143
22   76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward 3 круга
Без пласман
    17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 1 круг
    43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 1 круг
Не го завршија првиот круг
    19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 0 круга

Следната трка се вози за две недели (12. април) на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, Тексас (САД)

 

comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!