23
Вто, Мај
MotoGP

MotoGP: Победа на Педроса во Сепанг

Дани Педроса се врати на победничките патеки со одличната трка за ГН на Малезија која се возеше на патеката Сепанг.

Следете нè на:

 

pedrosa-pobeda-sepangПедроса со победа покажа дека заслужува да остане во борба за титулата

Дани Педроса се врати на победничките патеки со одличната трка за ГН на Малезија која се возеше на патеката Сепанг.

Иако се очекуваше дожд во Сепанг, Малезиската патека понуди одлични услови за следење на возбудливата трка. Фантастичниот старт на Лоренцо како и грешката на Валентино Роси го одбележаа првиот круг на трката, а потоа следевме бескомпромисна борба помеѓу претендентите за титулата, Марк Маркез и Хорхе Лоренцо.

Групата од пет возачи која ја сочинуваа Лоренцо, Педроса, Маркез, Роси и Баутиста беше во преден план скоро половина трка, иако на првата позиција местата си ги променија Лоренцо и Педроса. Но дури тогаш започна вистинската борба, онаа за втората позиција помеѓу Маркез и Лоренцо.

Промена на позициите од свиок во свиок, борба која уште еднаш покажа зошто МотоГП е број 1 мотоспорт во Светот. На крајот, 20 годишниот потенцијален шампион, Марк Маркез го помина актуелниот шампион, и дојде до нови 20 бодови на своето конто.

Педроса трката ја заврши со предност од 2,7 секунди пред Маркез, покажувајќи дека заслужува да остане во борба за титулата иако сега тоа е сведено само на теорија. Возачот на Хонда извозе перфектно, без грешки и сосема заслужено дојде до победа на Сепанг.

Валентино Роси иако успешно ги следеше водечките тројца, откако Маркез успеа да го помине Лоренцо го намали темпото и на крајот финишираше на безбедното четврто место. Зад него пак следевме вистинска битка за петтата позиција помеѓу Кал Крачлоу и Алваро Баутиста која на крајот му припадна на возачот на Хонда.

Поз.БодовиБр.ВозачТимМоторРазлика
1 25 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 40'45.191
2 20 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda +2.757
3 16 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha +6.669
4 13 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha +10.351
5 11 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda +22.149
6 10 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +22.301
7 9 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +30.864
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati +45.111
9 7 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART +59.264
10 6 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati +1'01.417
11 5 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR +1'03.665
12 4 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART +1'14.256
13 3 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki +1'21.603
14 2 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR +1'27.976
15 1 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki +1'29.442
16   9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter +1'29.551
17   23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART +1'47.930
18   67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda +1'52.927
Без пласман
    70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART 8 круга
    52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 9 круга
    69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 12 круга
    50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 13 круга
    29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 14 круга

Следевме возбудлива трка која само покажа што не очекува во послените три трки во шампионатот. Во генералниот пласман Марк Маркез води со 43 бода пред Лоренцо, а следната трка во Австралија на Филип Ајленд се вози веќе во недела.

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!