Данило Петручи, како што се очекуваше, е потврден за нов член на тимот на Ducati во сезоните 2019 и 2020.

После две годишниот успешен период кој го помина во сателитскиот тим Pramac Ducati, тој ќе му стане нов колега на Италијанецот Андреа Довициозо.

Првично борбата беше меѓу него и тимскиот колега Џек Милер но Австралискиот возач изјави дека би бил среќен доколку и во иднина остане дел од сателисткиот тим и доколку го наследи мотоциклот на Петручи, кој е ист како и фабричките мотоцикли.

petruci 19

Ова е исто така и награда за Петручи кој во изминативе три сезони неколкупати успеа да се искачи на подиумот.

„Тоа што ќе бидам дел од фабрички тим за мене е остварување на сонот. Голема чест е да се биде официјален возач на Ducati, особено за некој како мене кој својата кариера ја започна како тест возач за тимот. Би сакал да им се заблагодарам на Паоло Кампиноти и Франческо Гуидоти кои ми дадоа шанса да бидам дел од Pramac Racing тимот. Без нив ова немаше да биде возможно.“

„Исто така сакам да им се заблагодарам и на менаџерите на Ducati и Ducati Corse, Клаудио Доменикали, Џиџи Далиња и Паоло Чиабати, кои ме ценат како личност и како возач. Не можам да дочекам да започне новата авантура со фабричкиот тим. Сега се што сакам е да ја завршам сезоната меѓу најдобрите пет возачи и потоа да ја започнам новата сезона со Ducati.“

Back To Top