„Јас сум лидер во шампионатот и чувството е одлично, па се надевам дека мотоциклот ќе работи добро и во Муџело“ - Дани Педроса

2013 r05 pre pic 1

„Јас сум лидер во шампионатот и чувството е одлично, па се надевам дека мотоциклот ќе работи добро и во Муџело“ - Дани Педроса

Возачот на Repsol Honda, Дани Педроса има намера да го задржи одличното чувство кое го има бидејќи е лидер во MotoGP Светскиот Шампионат.

Педроса беше импресивен победник на четвртата трка од шампионатот која се одржа во Ле Ман, Франција,на влажни услови.  Победата го искачи Шпанецот на првото место на табелата со предност од 6 поени во однос на неговиот тимски колега Марк Маркез.

Тој претходно има победено во премиерната класа во Муџело во 2010 година а исто така доживеа успех и во класата од 250cc.

„По трката во Ле Ман успеав да се релаксирам и физички се чувствувам добро.“

„Муџело е убава патека и навистина уживам да возам на неа. Таа е брза патека со долги свиоци и важно е да имате добро чувство со мотоциклот,“ изјави Педроса.

„Обично времето е добро и фановите прават одлична атмосфера.“

„Јас сум лидер во шампионатот и чувството е одлично, па се надевам дека мотоциклот ќе работи добро и ќе имаме добра трка.“

Back To Top