26
Сре, Апр
MotoGP

MotoGP: Педроса најбрз на третиот тренинг

Дани Педроса го симна Лоренцо од врвот на табелата во третиот тренинг, но Лоренцо сеуште има најдобар резултат во сумираните времиња.

Следете нè на:

 

26-pedrosa originalПедроса со најдобар резултат на третиот тренинг на Филип Ајленд

Дани Педроса го симна Лоренцо од врвот на табелата во третиот тренинг, но Лоренцо сеуште има најдобар резултат во сумираните времиња.

Марк Маркез возеше на нивото на кое веќе сме навикнати да го гледаме, а Валентино Роси изненади со неколку брзо кругови па на крајот иако имаше шанси и да го подобри времето на Педроса, финишираше како третопласиран со заостанување од +0.118.

Алваро Баутиста го продолжи трендот на вмешување во топ 5 возачите и на овој тренинг, поставувајќи исто време како и Валентино Роси кое беше подобро дури и од она на Хорхе Лоренцо на третиот тренинг.

Доколку се сумираат резултатите од првите три тренинга, Лоренцо има најдобро време, но првите пет возачи се во временска разлика од само 165 илјадитинки. Утринските квалификации можат да донесат возбудувања на Филип Ајленд, на Маркез му е доволно да победи, а Лоренцо да не финишира на втората позиција за тој да ја освои титулата, но останува да видиме дали актуелниот шампион ќе му дозволи на младиот талент туку така да дојде до титулата.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 333.7 1'29.074  
2 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 342.2 1'29.122 0.048 / 0.048
3 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 340.4 1'29.192 0.118 / 0.070
4 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 344.8 1'29.192 0.118
5 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 337.1 1'29.235 0.161 / 0.043
6 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 334.9 1'29.652 0.578 / 0.417
7 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 335.8 1'29.691 0.617 / 0.039
8 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 335.4 1'29.731 0.657 / 0.040
9 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 330.2 1'29.827 0.753 / 0.096
10 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 329.3 1'29.971 0.897 / 0.144
11 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 328.1 1'30.104 1.030 / 0.133
12 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 337.2 1'30.312 1.238 / 0.208
13 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 339.0 1'30.524 1.450 / 0.212
14 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 324.2 1'30.701 1.627 / 0.177
15 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 325.6 1'30.750 1.676 / 0.049
16 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 328.7 1'30.909 1.835 / 0.159
17 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati 337.0 1'31.152 2.078 / 0.243
18 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 323.4 1'31.182 2.108 / 0.030
19 23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 323.8 1'31.661 2.587 / 0.479
20 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 321.6 1'31.858 2.784 / 0.197
21 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 320.3 1'32.074 3.000 / 0.216
22 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART 325.4 1'32.314 3.240 / 0.240
23 50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 322.5 1'33.324 4.250 / 1.010
  6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda      

 

До крајот на МотоГП шампионатот се возат уште три трки, оваа на Филип Ајленд која се вози во недела, потоа следната недела се вози трката во Јапонија на Мотеги, и на крајот е трката во Шпанија, на Валенсија, која се вози на 10-ти ноември.

Во генералниот пласман води Маркез со 298 бодови, 43 повеќе од Лоренцо на втората позиција и 54 повеќе од трето пласираниот Дани Педроса. Валентино Роси во генералниот пласман е на четвртата позиција со заостанување од 100 поени зад Маркез.

Квалификациите во сабота започнуваат во 06.35, а трката во недела започнува во 7 часот по наше време.

Пренос од сите настани ќе има на Спорт Клуб каналот, а стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!