„Беше тешко да се престигне Валентино во последните кругови. Не победи сега, но се надеваме дека ќе научиме од него“ - Марк Маркез

2013 r01 race pic 1

„Беше тешко да се престигне Валентино во последните кругови. Не победи сега, но се надеваме дека ќе научиме од него“ - Марк Маркез

Марк Маркез го извозе најбрзиот круг на патеката на неговото деби во MotoGP.

20 годишниот возач водеше борба со MotoGP легендата Валентино Роси до самиот крај на трката. Покрај тоа, тој заврши и пред тимскиот колега Дани Педроса и докажа дека е навистина добар возач.

Маркез стартуваше како шести, но одличните перформанси кои ги покажа за време на тестирањето наговестуваа дека Moto2 шампионот може да им се придружи на Макс Бијаџи(1998) и Јарно Сааринен (1973), единствени возачи кои оствариле победа на нивното деби во премиерната класа.

Актуелниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо не дозволи тоа да се случи, но новиот возач на Repsol Honda успеа да ги помине речиси сите возачи пред него, откако се најде на седмата позиција по првиот круг.

Маркез го претекна Педроса во борбата за втората позиција при крајот на трката, но набргу и самиот тој беше претекнат од Валентино Роси. На почетокот на претпоследниот круг, Маркез повторно успеа да го претекне возачот на Yamaha, но неговото водство траеше многу кратко. Двајцата возачи се бореа до самиот крај, но сепак, Маркез заврши на третото место со заостанување од само 0.2 секунди зад Роси.

„Во суштина, започнав со 100% и завршив со 100%,“ изјави Маркез.

„Да бидам искрен, бев прилично нервозен на стартот бидејќи тоа беше моја прва MotoGP трка. Мислам дека до сега не сум бил толку нервозен. Беше тешко да останам смирен и не бев доволно фокусиран како во Moto2. Но сепак, успеав да се сконцентрирам во последен момент.“

„Стартот беше важен и знаевме дека стартуваме од валканиот дел на патеката. Не стартував добро но успев да нападнам во првите кругови и да поминам многу возачи. Мислам дека тоа беше одлучувачко.“

„Кога го стигнав Педроса и кога видов дека сум на граница си реков ‘во ред ќе се опуштам позади него’. Кога возев позади Дани научив многу, а исто така научив и кога возев позади Валентино.“

„Борбата против него е секогаш интересна да се гледа, но таа е исто така и многу тешка. Беше тешко да се престигне Валентино во последните кругови. Не победи сега, но се надеваме дека ќе научиме од него и од сите кои беа побрзи од нас.“

„Остварување на сонот е да се биде тука со овие двајца возачи (Лоренцо и Роси)“

Маркез го постигна најбрзиот круг на патеката и беше за 0.124с побрз од најдоброто време на Лоренцо.

Последен дебитант кој заврши на подиумот во неговата прва трка во MotoGP беше Лоренцо на трката во Катар во 2008 година.

Back To Top