MotoGP

MotoGP: Осма победа за незапирливиот Маркез

Отежнатите услови на Асен не му ги поматија на актуелниот Светски шампион Марк Маркез кој дојде до осмата победа во осмата трка од сезоната.

Следете нè на:

 

93marquezgpassen lg4 0869 originalОсма победа за незапирливиот Маркез и максимални 200 поени од осум трки

Отежнатите услови на Асен не му ги поматија на актуелниот Светски шампион Марк Маркез кој дојде до осмата победа во осмата трка од сезоната.

Стартот на трката на патеката Асен во Холандија доцнеше заради дождот кој започна да паѓа непосредно пред самиот почеток. Возачите добија два загревачки круга во кои имаа прилика да ги проверат моторите со гуми за суво и оние за дожд по што дојде време за стартот на трката. Во целата мешаница Валентино Роси од четворицата вонземјани излезе со најлоша проценка бидејќи ги замени сликовите со гуми за мокро пред стартот, па мораше да стартува од пит стопот, како 12-то место на квалификациите да не беше доволно лошо за него.

Проценката на Маркез за трката се покажа како најдобра, 26-те круга во Асен му ја донесоа 8-та победа во сезоната и максимални 200 поени во сезоната. Трката иако не започна онака како што сите се надеваа заради дождот, сепак донесе возбудување во 7-от круг кога возачите ги променија моторите. 

Маркез кој изјави дека не му се важни рекордите денеска успеа да изедначи уште еден, возач кој успеал да победи на првите осум трки во сезоната по 1971 година, кога истото му успеа на Џакомо Агостини.

Трката беше возбудлива и за фановите на Дукати, Андреа Довициозо успеа по втор пат во сезоната да се искачи на подиумот, овојпат на втората позиција која сосема заслужено е во негови раце. Педесталот го дополни Дени Педроса кој успеа да се избори за третата позиција со Алеш Еспрегаро.

Возачот на „NGM Forward Racing“ тимот во чии раце беше пол позицијата во Асен прикажа одлична трка, четврта позиција која само ја потврди неговата одлична форма. Зад Еспергаро целната линија ја помина Валентино Роси кој успеа да дојде до петтата позиција иако стартуваше од боксот. Возачот на „Movistar Yamaha“ тимот повторно прикажа одлично возење кое потсетува на стариот Роси но сеуште не е доволно добро да дојде до врвот. Неговиот клубски колега Хорхе Лоренцо од друга страна пак имаше катастрофална трка која ќе сака да ја заборави што поскоро, откако успеа да дојде само до 13-та позиција во Асен.

Резултати од денешната трка:

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 43'29.954
2 20 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +6.714
3 16 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +10.791
4 13 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +19.199
5 11 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +25.813
6 10 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +29.003
7 9 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +30.882
8 8 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +30.985
9 7 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati +44.031
10 6 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +48.662
11 5 23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +51.863
12 4 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +1'00.329
13 3 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1'04.641
14 2 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +1'05.980
15 1 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART +1'17.611
16   7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +1'19.753
17   69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +1'27.630
18   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +1'28.142
19   68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati 1 круг
20   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 1 круг
21   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM 1 круг
22   5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha 3 круга
Без пласман
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 8 круга

 

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!