Радикалните нови додатоци на Ducati кои беа претставени за време на тест викендот во Катар ни дадoa одговор на една мистерија која долго време ги мачеше новинарите – содржината на кутијата и променетиот издув под седиштето на најновиот Desmosedici.

duc 001

Според MSN, кутијата содржи електронски компоненти кои првично се наоѓаа под предните додатоци. Но наместо да помага во дистрибуцијата на тежината, се чини дека промената на локацијата е поради новиот изглед.

Кутијата за прв пат се појави за време на тестот во Сепанг и веднаш се јавија и првите гласини.

На тестот во Катар, Ducati за прв пат го претстави радикалниот нов аеродинамичен дизајн на кој тимот работеше веќе неколку месеци, од воведувањето на забраната за крилца на крајот на 2016 година. Новиот изглед ги подели мислењата.

duc 002

Иако новиот изглед можеби е контроверзен, Андреа Довициозо призна дека новите додатоци прават позитивна разлика, пред се во однос на брзината на мотоциклот.

„Убаво е повторно да се почувствува ова бидејќи беше многу тешко да се постигне истиот ефект со новите правила. Инжињерите направија одлична работа. Ефектот е многу сличен со она што ни го даваа крилцата, не е исто, но е многу слично.“

Се уште не се знае дали тимот ќе го искористи новиот дизајн за првата трка која ќе се оддржи за две недели. 

duc 003

Back To Top