Марк Маркез дојде до деветтата пол позиција во сезоната на трката за ГН на Шпанија која се вози утре со почеток во 14 часот.

markez-pol-valensija

Марк Маркез дојде до деветтата пол позиција во сезоната на трката за ГН на Шпанија која се вози утре со почеток во 14 часот.

Утрешната трка која го одлучува шампионот во МотоГП, возачот на Репсол Хонда тимот ќе ја започне од првата позиција. За Маркез ова е петнаесети старт од првиот ред (12 последователни), а неговиот клубски колега Дани Педроса трката ќе ја започне од третата позиција.

Возачите на Јамаха ќе стартуваат од втората и четвртата позиција. Актуелниот Светски шампион, Хорхе Лоренцо ќе има тешка задача да го запре младиот и талентиран возач на Хонда, посебно ако се знае дека на Маркез му е доволно да заврши и на четвртата позиција без разлика Лоренцо дали ќе победи.

lorenco-valencija-ok

Маркез забележа нов рекорд на патеката Валенсија уште на третиот тренинг утринава кога возеше 1’30.803 (претходниот рекорд од 2012 на Дани Педроса изнесуваше 1’30.844), за потоа на квалификациите Маркез да забележи фантастично време од 1'30.237.

Лоренцо кој ќе ја започне трката од втората позиција возеше 1'30.577, додека пак Валентино Роси кој го отпушти шефот на неговиот тим ќе стартува од четвртата позиција, а на квалификациите забележа време од 1'30.920.

Лоренцо направи се што можеше за да го одржи притисокот врз Маркез пред почетокот на утрешната трка, сепак тој е свесен дека ќе има тешка задача во Валенсија бидејќи за Маркез да ја освои титулата доволно му е да заврши и на четвртата позиција но тој ќе се надева на грешка на младиот возач.

„Една работа се квалификациите, но сосема друга е трката, се обидовме да направиме се што можеме но за жал моторот број 1 имаше технички проблеми. Продолживме со вториот мотор на кој имаше постара машина и едноставно не беше исто. Доколку имаме добар старт утре можеме да го поминеме Маркез, па потоа ќе видиме што ќе се случиизјави Лоренцо

Утрешната трка започнува во 14 часот, пренос може да се следи на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html. Групно гледање ќе има во Роуд Хаус каде се поканети сите фанови на МотоГП.

Back To Top