„Многу сум среќен што одиме во Муџело. Ми се допаѓа патеката и навистина сум среќен што ќе се вратам таму со Yamaha,“ Валентино Роси

rossi-mugello-2008

„Многу сум среќен што одиме во Муџело. Ми се допаѓа патеката и навистина сум среќен што ќе се вратам таму со Yamaha,“ Валентино Роси

Валентино Роси вети дека ќе стори се што може за да оствари добар резултат на трката која ќе се одржи овој викенд во Муџело, Италија.

Возачот на фабричкиот тим на Yamaha има неверојатен рекорд на патеката вклучувајќи една победа во класата од 125cc во 1997 година, во 1999 победи во класата од 250cc, и неверојатни седум победи по ред во премиерната класа од 2002 до 2008 година.

 Роси, сепак истакна дека сеуште треба да направи подобрување на неговиот YZR-M1.

„Многу сум среќен што одиме во Муџело. Ми се допаѓа патеката и навистина сум среќен што ќе се вратам таму со Yamaha.“

„Ова е патека што навистина ми се допаѓа и важно е да остварам добар резултат.“

„За жал сеуште не сме доволно брзи и треба да се подобриме особено на суви услови.“

„Мора да работиме напорно и да го подобриме мотоциклот. Трката во Муџело ќе биде тешка, но ние ќе дадеме се од себе за да постигнеме добар резултат.“

„Место на подиумот би било навистина прекрасно,“додаде Роси.

Back To Top