Кал Кратчлоу: „Можеби Ducati ќе направи друг дел кој ќе биде исто толку широк“

Ерве Поншарал: Секоја фабрика работи напорно за да ни обезбеди нов дел кој ќе ни ја даде истата предност што ни ја носеа и „крилцата“

Тимот на Ducati на патеката во Валенсија го тестираше GP17 опремен со „крилца“ и покрај тоа што тие се забранети следната сезона, за да ги споредат промените на шасијата.

ducati 17 new

Но дали беше баш така?

Поранешниот возач на тимот, Кал Кратчлоу, смета дека можеби постои друг мотив:

„Можеби ги задржаа „крилцата“ поради некоја друга причина.  Можеби ќе можат да ги користат следната сезона. Можеби ќе направат друг дел кој ќе биде исто толку широк, или пак нешто слично на тоа. Велат дека ќе ги користат деловите за двата теста. Но знам на кој начин работат. Добри пријатели ми се, но морам да признаам дека се многу паметни!“

Официјално, забраната се однесува само на аеродинамичните направи кои не се интегрирани на мотоциклот, што пак поттикна шпекулации дека тимовите можеби ќе се обидат да ги затскријат „крилцата“.

„Забранети се сите уреди или облици кои излегуваат од мотоциклот и кои не се интегрирани на него и кои може да обезбедат аеродинамичен ефект. Техничкиот директор ќе биде единствениот судија во однос на тоа дали направата спаѓа во горе наведената дефиниција. “

„Исто така, со цел да се избегне предниот дел да биде во форма на крила, тој не смее да биде испакнат повеќе од 150 милиметри над вертикалната линија, нацртана преку оската на предното тркало.“

eicma 2016 391

Yamaha претстави специјален дел

Во интервју за MotoGP.com, шефот на Monster Yamaha Tech 3, Ерве Поншарал откри: „Инжињерите на секој тим ги тестираа мотоциклите со и без крилца и очигледно беше дека крилцата ни даваат голема предност. Ова лесно може да се забележи преку податоците. “

„Вчера разговарав со инжињерите на Yamaha и тие беа изненадени од разликата. Забележаа дека „крилцата“ нудат многу повеќе работи кои не можат да се постигнат без нив. “

„Исто така знам дека со забраната на „крилцата“постоеа шпекулации и стравувања од страна на техничкиот директор дека тимовите можеби ќе произведат некои навистина луди делови. Можам да ви кажам дека Yamaha тука донесе еден многу посебен дел кој требаше да ни го обезбеди она што ни го носеа „крилцата. Но, делот излегуваше надвор од правилата. Секој тим сега работи напорно за да обезбеди дел кој ќе биде сличен.“

Со цел да го ограничи темпото на аеродинамичниот развој, следната сезона ќе биде дозволена само една промена на надворешните делови.

Кратчлоу ќе замине на операција на прстот и исто како и возачите на Ducati нема да биде дел од приватниот тест кој ќе се оддржи на патеката во Херез. Неговиот поранешен тимски колега Андреа Довициозо тестот во Валенсија го заврши на третото место, а Хорхе Лоренцо на своето деби во тимот на Ducati, заврши на осмото место.

Back To Top