Единствениот возач кој успеа да освои повеќе поени од Кал Кратчлоу на последните осум трки е новиот светски шампион, Марк Маркез.

Кратчлоу, кој освои само 20 поени во првите осум трки, во вториот дел од сезоната успеа да освои 121 поен, притоа остварувајќи две победи и четири места на подиумот.

Од трката во Заксенринг, Маркез успеа да освои само седум поени повеќе од Кратчлоу. Мора да се напомене и дека Маркез настапува за фабричкиот тим на Honda, а Кратчлоу за сателитскиот тим, LCR Honda.

cratclow poddrska

Но дали досегашниот успех на Кратчлоу ќе му донесе поголема поддршка од тимот на HRC следната сезона?

„Не знам. Искрено, задоволни сме од она што го имаме. Технички, ние сме одлично подготвени. Но мислам дека тоа не зависи од мене,“ изјави Кратчлоу по завршувањето на трката во Сепанг.

„Мотоциклот е добар. Можеме да видиме од трката на Филип Ајленд дека ништо не ни недостасува. Како што имам кажано и досега, и да го ставите Марк на мојот мотоцикл, тој ќе ја постигне истата брзина. Мораме да бидеме реални.“

„Направивме добра работа во вториот дел од сезоната но за жал не бевме така добри во првиот дел.“

На прашањето дали неговите резултати ќе променат нешто во однос на поддршката што ја добива од HRC, Кратчлоу одговори: „За тоа ќе морате да ги прашате нив.“

„Возам со она што го имам и мојот тим работи со она што го има. Поддршката од Honda повеќе зависи од нив отколку од мене.“

Во пресрет на претпоследната трка од шампионатот, Кратчлоу има предност од 24 поени во однос на Пол Еспаргаро во битката за тоа кој ќе биде најдобар сателистски возач оваа сезона.

Кратчлоу настапува со поинаква шасија на Honda. Се верува дека таа била одбиена од страна на возачите на фабричкиот тим по трката во Силверстоун.

Back To Top