Со враќањето на Michelin во шампионатот, се промени и улогата која ја имаат пневматиците. Тие сега имаат клучна улога при формирањето на стратегијата во пресрет на тркачкиот викенд. Андреа Довициозо неодамна изјави дека тие се најзаслужни за успехот оваа сезона.

Француската компанија Michelin потврди дека го продолжи договорот со MotoGP и ќе остане единствен снабдувач со пневматици во серијата до 2023 година. Тие го продолжија договорот на дополнителни пет години откако ја презедоа улогата на единствен снабдувач со пневматици од Bridgestone во 2016 година.

Договорот кој беше објавен за време на трката на Филип Ајленд, која е спонзорирана токму од Michelin, претставува значително продолжување на веќе постоечкиот договор. Сепак, директорот на Michelin Motorsport, Паскал Куснон, вели дека такво нешто и се очекувало по успехот кој бил постигнат во текот на изминатите сезони.

michelin tyres

„По две сезони во кои видовме дека перформансите на пневматиците и стратегијата даваат голем придонес во целиот настан, Dorna Sports одлучи да го продолжи договорот со нас како технички партнер и ексклузивен снабдувач со пневматици и во наредните пет години. Секако дека сме задоволни што ја заслуживме довербата на Кармело Ецпелета и неговиот тим.“

„Michelin ќе продолжи со развојот на уште побезбедни и компетитивни пневматици. Исто така среќни сме што ќе продолжиме да работиме со возачите и тимовите кои ни дадоа поддршка кога се вративме во шампионатот после неколку години отсуство.“

Со враќањето на Michelin во шампионатот, се промени и улогата која ја имаат пневматиците. Тие сега имаат клучна улога при формирањето на стратегијата во пресрет на тркачкиот викенд. Андреа Довициозо неодамна изјави дека тие се најзаслужни за успехот оваа сезона.

„Со Bridgestone, немаше никаква стратетија. Сите беа брзи или сите беа бавни. Но сега е поинаку бидејќи со Michelin секогаш мораш да имаш стратегија. Мораш добро да внимаваш на пневматиците и да знаеш кога да притиснеш со цел да ги сочуваш до самиот крај. “

Back To Top