Возачот на Репсол Хонда тимот и актуелен Светски шампион Марк Маркез викендов подлегна на операција на малиот прст заради фрактура со која се здоби за време на тренингот со својот крос.

CDgoPXSWMAAIRIU

Возачот на Репсол Хонда тимот и актуелен Светски шампион Марк Маркез викендов подлегна на операција на малиот прст заради фрактура со која се здоби за време на тренингот со својот крос.

Според прес соопштението од Хонда, веднаш по повредата Маркез бил префрлен во болницата во Барселона каде реномираниот Др. Хавиер Мир (кој е задолжен за операциите на познатите возачи од МотоГП и Супербајк шампионатите) извршил успешна операција. Иако од Хонда во првичното соопштение „не ја исклучија можноста Маркез да настапи во Херез“, последните информации говорат дека Шпанецот ќе биде подготвен за битка на домашната трка.

Првичните 24 часа по операцијата во која е вметната титаниумска плочка која ја спојува коската од раката со малиот прст се веќе изминати и се поминало според очекуваното. Иако за ваква повреда типичното време за заздравување кај „обичните“ пациенти е 4-6 недели, кај тркачите тој период се сведува на 2-3 недели. Сепак Маркез нема ни цела недела до возбудувањата во Херез но добро е тоа што повредата е на неговата лева рака и малиот прст па веројатно нема да има поголеми проблеми во контролата на својата Хонда.

Викендов не очекува четвртата возудлива рунда од годинешниот МотоГП шампионат во која се надеваме на повторна борба помеѓу Роси и Маркез, но и рунда во која е време да се врати Хорхе Лоренцо во игра, а секако тука се и возачите на Дукати кои можат да се вклучат во борбата за првата позиција.

Back To Top